Бев во потрага за добар полнач за во кола. Имам неколку, но сите се со излез од 1А, и нормално тоа е недоволно да се наполни мобилниот кога се користи апликација која троши батерија. Како на пример GPS. За време на користењето, телефонот едвај да се наполни некој %, или пак во најлош случај да не се празни.
Случајно наидов на овој Mi полнач. Решив да го купам и да видам дали навистина вреди.
Полначот го имате во
http://www.hi.com.mk/ или пак можете да си го порачате некаде преку интернет.
Еве како е се тоа убаво спакувано и изработено:
Бело картонско кутивче со МИ логото од горната страна.
На задната страна испишани најважнте параметри.
Може да работи на 12 и 24 волти, значи може да се користи и во автомобил и во камион. Излезен напон од 5 волти и струја која ке биде испорачана од вкупно 3,6 ампери. Еден излез од 2,4 и еден од 1,2 ампери.
Струја доволна да го наполни телефонот додека истиот го користите како навигација.
Полначот спакуван по сите прописи
На едната страна изгравирани сите оние параметри кои можевме да ги најдеме и на задната страна од кутијата.
Одлично изработено метално тело кое ке има улога на ладилник при оптоварување на двете усб порти истовремено.
Самиот полнач одлично лежи во лежиштето на запалката без да клапа и без да губи контакт. Една од најбитните работи кога станува збор за оваков уред. Покрај другото има и диода која дискретно свети во бела боја. Се со една цел, а тоа е да не се степаме со каблите во темница
Доколку имате дилема за добар и квалитетен полнач за во кола, повеќе не треба да се двоумите. Топло го препорачувам Ми полначот.