Автор Тема: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift  (Прочитано 4751 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« на: 28 Октомври 2016, 12:24:34 pm »








http://www.carclub.mk/2016/10/28/test-ford-s-max-2-0-tdci-titanium-powershift-koga-semejnite-vrednosti-se-najvazni/

Огромна благодарност до Мац и индијанците за несебичната помош и стручното мислење. ;D

Иначе, за намената - колава си е одлична. Голема, комотна, практична. Аутоматикот одговара совршено на карактерот на колата, и дефинитивно би било грешка да се земе со мануелен мењач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #1 на: 28 Октомври 2016, 12:45:38 pm »
Фасцинантно возило. Милина за возење, прегледно, пространо. Тивко на автопат, супер по кривини. Икеа, спиење, деца... Паркинг како за седан, потрошња како што треба. Аутоматик за по гужви. Стварно колава нема мана, уште црна боја, или темно сива, или црвена - врвно возило во секој поглед.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #2 на: 28 Октомври 2016, 13:01:27 pm »
сериозни се со ценава од 40 000 евра????

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #3 на: 28 Октомври 2016, 13:04:15 pm »
Совршен Ем-пи-ви, па уште и атоматик, вистинско задоволство. . Димензијата на тркалата е таа што треба да биде, повисочко, поудобно. Како би крстарел со вакво...  Само бојата би ја променил.



Па па па, трпезариска маса да поставиш и да ручаш.



Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #4 на: 28 Октомври 2016, 13:23:46 pm »
сериозни се со ценава од 40 000 евра????
Се плаќа бе димац технологија простор, башка титаниум опрема, 2500 евра тргни ги за аутоматикот да речеме од прилика. Исто ли е да земеш 40 квадрата стан и 80? Исто пари ли се? Се слагам можда е превисока, ама со ценкање и кеш се стига до 33-4... Ова е каталошка цена.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #5 на: 28 Октомври 2016, 13:34:25 pm »
Цената уствари „стига“ до 40000 евра. Грубо. А почнува од некои 25.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #6 на: 28 Октомври 2016, 13:51:02 pm »
Проверен избор во овој сегмент. Одлично возило во секој поглед :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #7 на: 28 Октомври 2016, 13:53:58 pm »
Како сте успеале бе да качите потрошувачка на дизел над 4 литри? ;D

Иначе има ист ваков нов аутоматик кај мене пред зграда. Колиште огромно е. За фамилија прекрасно.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #8 на: 28 Октомври 2016, 14:02:21 pm »
кога веке би бирал возило што ке ми ги исполнуваат семејните потреби од типот голем багажен простор, комотна задна клупа (за три деца нормално) мрсен мотор и соодветна опременост, мојот избор би бил....





цена која што со ценкање и кеш можеби ке се спушти и под 30000 евра и ке добијам далеку по претставително возило од С-Максот

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #9 на: 28 Октомври 2016, 14:03:39 pm »
И после ќе се чудиш зошто четврта класа на кола ти донеле :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #10 на: 28 Октомври 2016, 14:31:10 pm »
Тоа е проблемот кај нас, што сакаме претставително возило, на 80% од нас не ни треба претставително возило. Затоа и кај нас малце се возат каравани и вакви моноволумени, затоа што сите сакаме да глумиме директори со лимузини, а со колата идеме од дома до работа и на одмор 2/3 пати годишно и секако на кафе или на гости, е за тогаш ни треба лимузина и да не видат :D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #11 на: 28 Октомври 2016, 14:32:15 pm »
Како сте успеале бе да качите потрошувачка на дизел над 4 литри? ;D

Иначе има ист ваков нов аутоматик кај мене пред зграда. Колиште огромно е. За фамилија прекрасно.

да бе прекрасно, ќе ги изгубиш децата позади
викаш, тоа ехо има

;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #12 на: 28 Октомври 2016, 14:36:51 pm »
Ако фино си е тоа, ќе ставиш аудио изолација позади и пичиш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #13 на: 28 Октомври 2016, 14:49:04 pm »
Има одлична изолација S-Max. Тоа можда промакнало да се спомне. Спие на 120, и на 160кмч. Муабет без повишување на глас постојано.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Ford S-Max 2.0 TDCI Titanium Powershift
« Одговори #14 на: 28 Октомври 2016, 14:50:31 pm »
Најважното сте го заборавиле.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need