Автор Тема: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp  (Прочитано 6691 пати)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« на: 09 Октомври 2016, 23:35:00 pm »
Во план сум да купувам нова кола па разгледував нешто поново. Cruze 2.0 cdti 150hp 2009г како се покажаа ? Чести проблеми/дефектиб?

Благодарам однапред.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #1 на: 09 Октомври 2016, 23:45:12 pm »
Многу убава кола на изглед, убав мотор, можеш и ходна акорд седан таа година да гледаш, доста се слични и мислам акордот(барем мене) поубав изглед

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #2 на: 09 Октомври 2016, 23:56:08 pm »
Најди го членот gOJDO и пиши му приватна порака, нека ти каже како е задоволен од службениот Круз. ;D ;D ;D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг:
« Одговори #3 на: 10 Октомври 2016, 07:34:48 am »
Знам дека gOJDO се жалеше,  ама у фамилија имаме Круз дизел и никаков проблем до сега,  веќе 160-170.000.

Иде,  не троши многу и за автопат е измислена.  Не се осеќа брзината воопшто. Освен редовен сервис немала друга мака.
Единствено ми е чудно што во трета кога ќе притиснеш гас се осеќаат вибрации на мењач.  Дали е до конкретниов модел или не,  не знам.  Знам само дека не го отстранија проблемот додека беше под гаранција.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #4 на: 10 Октомври 2016, 07:45:04 am »
Фала на одговорот Аууу. Го имаш истиот модел со Опел/екотек мотор 150 ?

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #5 на: 10 Октомври 2016, 09:41:11 am »
Го прочитав тоа од Гојдо во друга тема и незнам што да кажам. Барав Голф 5 / Сеат Леон ама се некои уништени од возење или па со преголема цена.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #6 на: 10 Октомври 2016, 10:05:18 am »
Фала на одговорот Аууу. Го имаш истиот модел со Опел/екотек мотор 150 ?

Има два дизела, послабиот е во LS моделот, појакиот во LT моделот. Овој со 160.000 е во LT и според мене е одличен избор. Никаков дефект до сега.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #7 на: 10 Октомври 2016, 12:03:54 pm »
Во план сум да купувам нова кола па разгледував нешто поново. Cruze 2.0 cdti 150hp 2009г како се покажаа ? Чести проблеми/дефектиб?

Благодарам однапред.

Возев Круз речиси 4 години (модел 2012), повеќе од 100,000 километри. Сега го вози друг член на семејството, уште 20,000 километри, без никакви проблеми. Само редовни сервиси вклучително промена на ремени и затегнувачи на 100,000.

Освен ова, (1) сменето предно стакло поради играчки на мали деца кои сметаат дека безболно е камења да фрлаш по возила, и (2) сменето казанче за антифриз - се скрши пластичниот приклучок за цревото.

Ова е со бензински мотор - но можеби моето искуство ќе ти помогне. Моделот кај мене се водеше како LTZ+ (Chevrolet направија некои промени во последните години).

Отсутен onedeaf

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #8 на: 10 Октомври 2016, 13:41:57 pm »
Во најтесно семејство, поточно татко ми е горд сопственик на круз со 2.0 цдти мотор произведен од ВМ Мотори од Италија што го водат како модел A 420 SOHC. Троши 7.8 низ Скопје, а на отворено 6.2 литри на 100 км возено без штедење и пазење. Околу моторот и колата никакви проблеми нема. Едино прегорен е прекидачот за рачно отворање на багажниот простор. Редовен сервис и промена на каиши се единствени зафати коу ги има до сега направено.
Крузот е рафиниран од проблемите со ЕКУ и електронските компоненти. Чуството зад воланот е одлично, со делумно спортски амбиент. Возачката позиција е ниска и одлично поставена а задната клупа има многу ограничен простор за патниците. Багажникот неможе да се искористи во целост во висина поради држачите кои се многу лошо решени и завземаат 20цм простор.
Единствено не ми се допаѓа квалитетот на пластиките и платното на шал таблата бидејки знаат да дадат рефлекции на ветробранот што знае да смета при прегледноста на патот. Исто и видливоста назад при паркирање е мизерно лоша и ако не се паркинг сензорите возилото е невозможно да се паркира.
Во секој случај Крузот со овој мотор е одличен автомобил според мене.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #9 на: 10 Октомври 2016, 14:15:00 pm »
Едино прегорен е прекидачот за рачно отворање на багажниот простор.


Прекидачот е мана кај сите, ама не е страшно еве го за ефтини пари.

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #10 на: 10 Октомври 2016, 14:32:24 pm »
Јас сум задоволен од возилото, 73000км без проблеми ги поминав. Во гаранција сменив само црево за серво, казанче за антифриз ради recall, и пластика на ретровизори. Другото пали вози :)

Средна потрошувачка е 6.5 - 7л/100, сервис на 15000км во овластен е околу 8000 - 10000 ден. Тие се трошоците.

Ако те интересира нешто поконкретно, слободно прашај.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #11 на: 10 Октомври 2016, 15:10:39 pm »
Дечки фала многу за коментарите. Прочитав многу позитивни ама повеќе негативни коментари по интернет и се решив да барам Голф 5 / Леон како подобра и посигурна опција.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #12 на: 10 Октомври 2016, 15:20:47 pm »
Не знам дали ти отишло на памет нешто друго освен тие возила, ама еве ти една прекрасна понуда.

Mitsubishi Lancer 1.5 MIVEC на плин со додатна опрема - 6500 евра

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1080
Одг: Совет за Cruze 2.0 cdti 150hp
« Одговори #13 на: 10 Октомври 2016, 15:31:06 pm »
Некако сум по германски возила. Немам ништо против другите производители и немам искуство со нив да кажам добри/лоши зборови. Сите мои блиски возат германски возила и јас имам искуство со Опел и затоа такво и барам. Ова Крузе по мое истражување има мотор од Опел и основа од Астра ама ете не се погодило на многу и несакам да си ја пробувам среќата затоа што не е баш ефтино.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг:
« Одговори #14 на: 10 Октомври 2016, 17:56:51 pm »
Крузот нема мотор од Опел,  напротив,  одлични им се дизелите.

Мислам дека понудата што ти ја пиша Мартин е дааааалекуу подобра од било кој Гољф 5 што ќе го најдеш по огласи за таа цена.  Сигурно нема посочувано возило.

А и за Крузот размисли си,  ја не би го рипнал при избор,  бар ако е до кај 100.000 не би требало наредните 60-70.000 да имаш мука.