Во план сум да купувам нова кола па разгледував нешто поново. Cruze 2.0 cdti 150hp 2009г како се покажаа ? Чести проблеми/дефектиб?
Благодарам однапред.
Возев Круз речиси 4 години (модел 2012), повеќе од 100,000 километри. Сега го вози друг член на семејството, уште 20,000 километри, без никакви проблеми. Само редовни сервиси вклучително промена на ремени и затегнувачи на 100,000.
Освен ова, (1) сменето предно стакло поради играчки на мали деца кои сметаат дека безболно е камења да фрлаш по возила, и (2) сменето казанче за антифриз - се скрши пластичниот приклучок за цревото.
Ова е со бензински мотор - но можеби моето искуство ќе ти помогне. Моделот кај мене се водеше како LTZ+ (Chevrolet направија некои промени во последните години).