Прашувам за Кангу патничко , а не товарно возило. Прашањето ми е наменет за искуства со таа кола.
Фокусот е бензин/плин што е супер економично, а Кангуто е дизел, ама е ептен попространо. Идеалната комбинација би била Кангу со бензин/плин, или само бензин па да ставам плин ама такви нема на продажба.
Без разлика дали е патничка изведба, комбе е комбе. Да, има многу многу простор на располагање, ама ти треба да си одлучиш дали стварно толку ти треба тој простор, за сметка на филингот дека возиш комбе. Проблемот е што се осеќа како комбе, а не како кола, и е троа млитаво. 1.5 дЦи е у принцип доста добар и докажан мотор.
Фокусот сепак е кола. Можеби има помалку простор на располагање од Кангуто, ама возиш кола, не комбе. 1.8 ТДЦИ е турбо дизел мотор, така да, или нешто си смешал, или некој нешто смешал на некој оглас. Мене лично, во оваа ситуација, изборот би ми бил ова возило.
Што се однесува до сервиси, и едното и другото имаат добра поддршка кај нас, така да, не би требало да имаш проблеми со наоѓање на резервни делови. Кварливоста е огромна варијабла која се сведува на „како ќе ти се погоди“. Регуларни сервиси и чуда, мање-више исто ќе те коштаат. Што се однесува до гуми, како што кажа колегата пират, имаш гуми и за 30 и за 300 евра, твое е да одлучиш какви гуми ќе ставиш. Гумите не би требало да се директен пресуден фактор.