Автор Тема: CARclub Тест: Lexus RX450h  (Прочитано 4593 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Lexus RX450h
« на: 27 Септември 2016, 13:19:30 pm »






http://www.carclub.mk/2016/09/27/test-lexus-rx-450h-president-opusten-japonski-luksuz/

Голем, забележлив, комотен. Интеграцијата меѓу електромоторите и бензинецот е seamless, иако ЦВТ мењачот ми оди на нерви. Кога ќе се навикне човек и ќе го прифати чудовиштево дека треба да биде комотна крузерица, си има поента.

На отворено ако се стиска, станува бучно од погонот (повторно, ЦВТ-то си игра улога). Кога ќе се постигне брзина и ќе си среди колава работа, фино е.

Беспрекорен ентериер, фини играчки, онака баш луксузно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #1 на: 27 Септември 2016, 13:33:06 pm »
Е ова е веќе нешто ново и интересно што вреди да се погледне.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #2 на: 27 Септември 2016, 13:52:17 pm »
Стварно среден хибрид. Магаре со 300+кс аутоматик кое со малтретирање низ град вади 13 литри на сто е за пофалба. Досега само дизел го можеше тоа во кајен или q7 рецимо. Поентата е што со мазење и дијазепам ова ќе летне надоле во потрошња. Пензионирана жена да го вози сигурно ќе извади фантастични потрошњи упола од овие спомнативе. Иначе како кола си е SUV, голем, гломазен, непрегледен итн. Ама цената од 83.000 за ваков модел со се што треба во него - каталошка, искрено не е лоша.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #3 на: 27 Септември 2016, 13:57:04 pm »
Јас кога го земав, на борд покажуваше просечна потрошувачка од 8.3 литри. На подигнување, го ресетирав бордот. Со нормално, не-баш-внимателно возење колата си трошеше 12-13 на 100. Со повнимателно возење успеав да ја симнам таа бројка до 10.2, во еден момент отиде и под 10, ама тоа беше ептен краткотрајно. Реално, 10.5 - 11 е сосем реално остварлив просек.

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #4 на: 27 Септември 2016, 14:02:22 pm »
Солидно.......доста солидно ауто.Конечно сериозно размислувам да го продадам туарегот.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #5 на: 27 Септември 2016, 22:17:30 pm »
Имам спомнато у маало има исто вакво само црно, многу впечатливо... Дефинитивно нема шанси да не го забележиш, дури и да не ти се допаѓа, пример мене позади ми е многу грдо, пак те тера да кршеш врат ;D
Потрошувачката некако многу ми се гледа посебно како за хибрид... И да се опуштиш малку у спорт- моут и отиде.. Амаа ок претпоставувам нормално е за толкав слон

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #6 на: 28 Септември 2016, 09:34:58 am »
Потрошувачката си е сосема океј - сепак збориме за голем (и тежок!) SUV со 3.5-литарски V6 под хауба. Реално, 10-11-12 литри во град е сосема океј за толкаво возило - фино си рече, слон.

Истава кола, да не е хибрид, сигуно ќе троши дваесче низ град.

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг:
« Одговори #7 на: 28 Септември 2016, 11:40:50 am »
Тоа h-то е кратенка за "hideous"

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #8 на: 28 Септември 2016, 13:09:43 pm »
Потрошувачката си е сосема океј - сепак збориме за голем (и тежок!) SUV со 3.5-литарски V6 под хауба. Реално, 10-11-12 литри во град е сосема океј за толкаво возило - фино си рече, слон.

Истава кола, да не е хибрид, сигуно ќе троши дваесче низ град.
Е да... Баш ме интересираше и ги прегледав и другите тестови- XC90 хибридот и дизелот имате пишано скоро идентична потрошувачка, Тусон исто, Q7 исто, outlander исто... Без разлика хибрид или дизелот многу слични бројки. Единствено outlander хибрид има многу помала потрошна ама и мотор и перформанси многу помалку. Мош не е соодветна споредба ама сепак..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #9 на: 28 Септември 2016, 13:14:55 pm »
Значи боље дизел...

BTW, некој би го купил ова кога би ги имал парите?  Мислаам види го какво е... спонтани побачај.... :) Внатре е фино...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #10 на: 28 Септември 2016, 13:52:42 pm »
Веќе има неколку продадени. Не би го нарекол убаво, али не ми е ни грдо. Ми подлегна дизајнот.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #11 на: 28 Септември 2016, 14:03:14 pm »
Додека не го видиш од напред, ок е...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #12 на: 28 Септември 2016, 14:04:41 pm »
Зашто бе?


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #13 на: 28 Септември 2016, 14:05:17 pm »
Веќе има неколку продадени. Не би го нарекол убаво, али не ми е ни грдо. Ми подлегна дизајнот.
Така е со новиве тојоти и лексусите. Те хипнотизираат, не знаеш што да мислиш. Грдички се по малце ама нешто те држи да не би го изговорил тоа :) Им се прашта пошто се неконвенционални.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Lexus RX450h
« Одговори #14 на: 28 Септември 2016, 14:42:00 pm »


Иначе кој би го купил ова, еве на пример во бројки е слично со волво хц90 хибридот. Само што волвото е 128000 евра а лексусот една третина помалку! Си има поента колава не е така...


Арно викаш џонтра, хипнотизирачки...