Плинот има електро-вентил пред расплињача, откачи ја клемата/клемите од електро-вентилот, и премости го релето што ги гаси бризгалките и пробај. Сепак, треба некој од „плинарите“ најубаво да види што е маката.
не така симо... грешен пристап е тоа затоа што:
електро вентилот на плинскиот уред пред испарувачот ОТВАРА кога ке му дојде струја на него... релејот за гасење на дизните бензински исто така го ОТВАРА електричното коло кога ке му дојде струја, затоа што е НОРМАЛНО ЗАТВОРЕН проток на струја низ него т.е. обратно реле го викаат понекогаш.
значи, само треба да се исклучи напојувањето на плинскиот уред, а тоа ке го решиш на еден од овие два начини:
1.би требало да има некаде изведено осигурач само за уредот плински, гледај од клемите на акумулаторот. ако има, едноставно извади го осигурачот и колата ке работи на бензин. електро вентилот и релејот за дизните ке останат затворени...
2.доколку нема осигурач посебен, тогаш од постоечките осигурачи на колата има извлечено жица некоја. најди ја, исклучи ја и воала, на бензин си...
...дури и мрзливец можеш да туриш на таа жица или пак џокче прекидач, па да си играш вклучи-исклучи плин-бензин, кога и да сакаш... ова важи за било која опција од двете...