Автор Тема: Задолжителна и не задолжителна опрема  (Прочитано 8361 пати)

Отсутен JasSum

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Задолжителна и не задолжителна опрема
« на: 19 Август 2016, 08:18:10 am »
Што се поседувате во колата.
Не успеав да најдам што се е задолжително да се поседува во возилото, во случај да ве сопре полиција. Што надвор од тоа поседувате?

Прва помош купена за 100 денари? Или направивте комплет кој реално ќе ви помогне во случај на потреба.
Сајла за влечење?
Сет осигурачи и сијалички? Кои и од каде?
Алат? Што алат? Пп апарат беше обврска, но некои го имаа и пред да биде задолжителен.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #1 на: 19 Август 2016, 15:44:47 pm »
Мастики,влажни марамчиња,дигалка,резервна гума и клуч за тркала. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #2 на: 19 Август 2016, 16:16:22 pm »
Имам прва помош секогаш, сајли за шлепање, кабли за палење, сет сијалички за сегде, дури и ксенон сијаличка си носам, пп апарат али само за надвор од Мк, дизалица и алат за менување ситни работи(тркало или нешто слично), флуросцентен елек...

Тоа е тоа
No turbo, no fun :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #3 на: 19 Август 2016, 17:15:22 pm »
Врска неам што носам :D Во ранец ми се стаени сите работи али еве тоа што знам дека иам: Рефлектирачки елечиња 2 комада, ветровка/наметка за дожд, сет сијаличиња средно, жмигавци, прва помош сет. Толку друго не ми текнува... Од она што не е законска опрема, резервни бришачи(оригиналните првите), крпа микрофибер, сет торскчиња кључеви, батериска лампа, чадор, мастики, кондоми, листови хартија и пенкалце и уште пар ситници.

И нормално, кај резервното тркало: дизалица, кључ за тркала и тоа навртката за закачување кука напред.

Отсутен zlatkor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #4 на: 19 Август 2016, 19:34:04 pm »
Ја колку што знам под задолжителна опрема спаѓа:

Зелен елек
Прва помош
Сет сијалици
Сајла за влечење
Пп апарат - само за камиони и автобуси
Триаголник
 За зима:
Зимски гуми со мин 4мм
Соответни ланци
(Ако се вози низ град може и со летни гуми али пак ланци мора да се има)

За
И нормално резервна гума со сите елементи за менување


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #5 на: 19 Август 2016, 23:19:22 pm »
1.резервно тркало или сет за поправање гуми
2.противпожарен апарат за гасење пожар 2кг (ако возилото е плин)
3. знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник
4.опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);
5.резервни сијалици и осигурачи
6.јаже, сајла или телескопски лост за влечење
7. сигурносен-рефлектирачки елек


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #6 на: 20 Август 2016, 10:30:41 am »
1. Резервно тркало, дигалка и пропратен рачен алат
2. ПП апарат за гасење пожар
3. Знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник
4. Опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);
5. Резервни сијалици и осигурачи
6. Јаже за влечење
7. Сигурносен-рефлектирачки елек
8. Еленска кожа + крпи
9. Влажни марамици
10. Парфем
11. Кутија кондоми
12. Ментол бомбони

;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #7 на: 20 Август 2016, 11:32:13 am »
И пoсле не ви oделе кoлите. Стaвете уште нештo :D

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #8 на: 20 Август 2016, 15:43:33 pm »
И пoсле не ви oделе кoлите. Стaвете уште нештo :D


А сега ти со пасатот, стандарна опрема количка памперси кашички кофички базенчиња :D

Хехехехехехе :)
No turbo, no fun :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #9 на: 20 Август 2016, 15:51:26 pm »
Дизел е, стaвив и бaзен, тoбoгaн, мрзливa рекa...
Тaмaн си е :D

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #10 на: 08 Декември 2022, 13:54:09 pm »
Дечки, кој е заклучокот за резервно тркало, мора резервно тркало или може само спреј - репаратор за гуми?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #11 на: 08 Декември 2022, 14:01:01 pm »
Можи и со репаратор.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #12 на: 08 Декември 2022, 15:01:55 pm »
Ако можеш фул сајз резервна, тоа на прво место. Ако не, тогаш на второ место е „чопавац“ односно малине резевни со ограничување на брзина/поминати километри, и на крај ако баш немаш друг избор и не можеш гума у гепек да ставиш, иде сет за репарација. Овој последниов не те спасува ако исцепиш гума на дупка/кратер/шахта/ивичњак.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #13 на: 08 Декември 2022, 17:25:20 pm »
Дечки, кој е заклучокот за резервно тркало, мора резервно тркало или може само спреј - репаратор за гуми?
Ништо не е задолжително по закон, Можеш и без ништо.
Кај мене во ново возило имаше само репаратор и ништо друго. Го фрлив него, купив мало резервно тркало од Форд Солун, јер Мида се неспособни да ти набават било што. Нормално оригинал дигалка од Фокус, клучеви и неколку резервни штрафови.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Задолжителна и не задолжителна опрема
« Одговори #14 на: 08 Декември 2022, 17:52:05 pm »
Задолжително е гума или репаратор.
Никогаш не вели никогаш.