Автор Тема: Алфa или Гoлф  (Прочитано 32480 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #105 на: 29 Декември 2016, 10:00:52 am »
Леле, лом го направи Милентие :D

Што има врска тоа со Милентие?
Миле нема Матиз, има нешто поново, но Миле е свесен за тоа што вози и колку го кошта истото.
Башка Дени нема возено Матиз, он има возено расипан Матиз, фрлен во ѓубре па изваден и составен. А Дени греши што стиска Матиз со 120 и со лошо составена предница, си го ризикува животот и животот на колегата, после уверен бил дека Матизот е ѓубре. Матизот е наменско возило не е нешто врз што треба да се лечат комплекси. Таква е човечката психологија ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #106 на: 29 Декември 2016, 12:22:22 pm »

Човечката психологија е многу комплексна. Неможе едноставно да се разбере кај еден човек. А сакаш да ја разбереш кај група луѓе. Тешко е. Многу параметри има. Треба многу информации, а сите тие се субјективно извитоперени. Затоа не се труди.

Има и народ што од извесни ни за нив нејасни причини како што си го цитирал Карпатиан Лорд, „мразат“ голф. Демек они се „над“ голф сваќаш? Многу интересен концепт ми е и тоа. Имаш вакви еден куп на форумов, во живо малку помалку. Пират мислам е сличен он мрзи голф. Ете горе и ти објаснил „зошто“ он мисли дека го мрзи. А колку се тие мислења субјективизирани и черипикувани е многу длабока и комплексна работа. И така натаму.

Ама треба да се обидеш да ги сфатиш нивните сфаќања, и пред се да разбереш дека се непроменливи. Ти неможеш и не треба да влијаеш на нив. Зошто џабе си трошиш зборови, они си рационализирале нешто, господ знае од кои вистински причини и се затвориле во кутијата внатре и излегување нема. Зошто за да излезеш од кутијата прво сам треба да се побиеш, а тоа е многу тешко за просечниот човек. Треба сам на себе да си признаеш дека неточно си мислел, замисли. Нели разни луѓе, разни сфаќања. Многу од нив премногу вкоренети и непроменливи и черипикувани и субјективни.

Но! Не се они криви. Таква е човековата психологија. И јас и ти имаме можеби некои такви мислења, но за други работи. Еве јас можам за мене да ти посочам. На пример SUV неможев да смислам пред некое време, ама гледам народ купува, сум возел еден куп СУВови и се трудам да си го побијам своето мислење. ГЛедај народ купува, големки се, простор, си ги продавам сам на себе сфаќаш? „Како караванче ама поубавко на изглед и пократко“ и кога го тестиравме Спортажот ептен ми легна, и ќе речам ете гледаш си грешел. Си признавам... И ќе дојде паркинг, ништо не гледам никаде. Прегледност 0. Ќе видам уште па и некое видео како се тумбаат на автопат, како кочат безвезе... Каков народ ги вози... Па тешки се во килажа, па потрошњи... И ќе си речам пак море не сум грешел еве види сега. Така и они, дури и да дадат шанса ќе се јави некоја причина ситна и зависно од својата психологија ќе си речеш „ете потврда“ во право бев. И после ќе влезам во прегледен хеџбек како Голф или седан како Авенсис. Лелееее па ова било рај за возење. Јас сфаќам дека сум се мачел со СУВот да мислам да се протињам, на невидено да проаѓам, колку сум се напрегал без да знам.

И тоа ти е. Они така за Голф. Човечка психологија. Не е до колите. До нашето разбирање е. Не само за коли, за се е така.

Или еве за Матиз. Јас имам фобија од колата. Од буката, од изгледот, од стабилноста, од седењето, од мотор... од све. А пред се од типот на луѓе кои ги возат. Во 90% од времето денес колоните се предизвикани од Матиз. Има голем дел од камиони, ама ајде од нив леб јадеш, ти носат сладолед, пиеш кока кола. Мора да одат, тоа е. Ама тоа прениско ниво на сигурност и бучава те тера да возиш нервирајќи се околу себе. Поготово што е ефтина, и привлекува луѓе од типот „Џабе Ауди си купил кога си позади мене, сега ќе почекаш“. Зошто он цел живот чека луѓе со Аудито, и сега дошло времето кога е он во надредена положба, и „има да го почекаш“. И ај тоа, да се навратиме на  комфорот. Ти внатре се осеќаш како да возиш многу побрзо од што стварно возиш. Еднаш возам со еден другар околу Скопје, и наеднаш полиција.

И ми вика „еј, еј џандари намали!“
- Што да намалам 120 возам.
(се наведнува да види) Ауу, јас мислев 200 возиш. (Смеејќи си се)

Он искрено мислеше дека јас го цепам Матизот којзнае колку, и ми рече да намалам еј. :) Се изнасмеавме за тоа каква кола е и си продолживме. Па погинаа тука на Орце Николов двајца, па што се не. И сега пази, ова се исто мои мислења за Матиз. И јас до сега не сум видел позитивна работа во таа кола. А негативни милион сум видел. За разлика од СУВ јас за матиз не се колебам за моето мислење. Немам зошто. Кај СУВ имам 10 позитивни, и 10 негативни работи. Ама овде сите 20 се негативни според мене. И нема простор за колебање и дискусија на темата. А за Сув на пример ете има. И се утепувам од мачење да ги сфатам, да им ги осознаам сите карактеристики, да ги разберам СУВ колите, па здравје ако си оправдам пред себе и да купам некоја, ако ги пребродам негаивностите.

Поздрав, и не се вреѓајте одма за све.


Бидејќи бев малку прозван, само и јас да ја потенцирам твојата субјективност.

Ти си „над“ Матиз/Спарк,сфаќаш?

Процедурално: Според мене глупаво е да се вреѓаат зозилата,  а индиректно и луѓето што купиле такво возило. За многу луѓе тоа е најдоброто што можат да си дозволат. Сите знаат да купат Поло, но толкав им е буџетот што можат да го издвојат, притоа не сакаат половно возило и да се зафркаваат со сервиси, мајстори, поправки и одат на варијанта „Најдобра кола е нова кола“.

Убаво кажа, се е психолошка игра, сфаќања, афинитети, или по народно кажано „замарање“.

Со добар дел од постот се согласувам. Затоа и секогаш потенцирам „Субјективно гледање“. Тоа е мое лично доживување на возилото. Имам и објективни аргументи, но субјетивните се тие. За некого се смешни, за некого се на место. Тоа е убавината на дискусијата.

Мене ме нервира наметнувањето на ставови. „Ти немаш појма што е добро возило“.

Тоа се провлекува цело време на форумов. „Надгласување“ за кое возило е подобро, со субјективни аргументи, кои се наметнуваат како објективни. Глупаво е! Нема резон!


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #107 на: 29 Декември 2016, 13:15:45 pm »
Леле, лом го направи Милентие :D

Што има врска тоа со Милентие?
Миле нема Матиз, има нешто поново, но Миле е свесен за тоа што вози и колку го кошта истото.
Башка Дени нема возено Матиз, он има возено расипан Матиз, фрлен во ѓубре па изваден и составен. А Дени греши што стиска Матиз со 120 и со лошо составена предница, си го ризикува животот и животот на колегата, после уверен бил дека Матизот е ѓубре. Матизот е наменско возило не е нешто врз што треба да се лечат комплекси. Таква е човечката психологија ;)


120 со матиз било лошо?

А ти мене шо ме возеше со твоето кутивче 160км/ч?
Затоа на враќање во Мазда бев.

;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #108 на: 29 Декември 2016, 13:36:23 pm »
@Carpat. Сфаќам. Затоа и реков дека:
Цитат
Но! Не се они криви. Таква е човековата психологија. И јас и ти имаме можеби некои такви мислења, но за други работи.
Дури и наведов две такви мои мислења, како СУВ и Матиз.

Со надеж дека нема да навредам народ.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #109 на: 29 Декември 2016, 13:41:47 pm »
120 со матиз било лошо?

А ти мене шо ме возеше со твоето кутивче 160км/ч?
Затоа на враќање во Мазда бев.

;D

Али кажи, 160 иде  :P
Матизот на Дени ни 140 не иде  :-X

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #110 на: 29 Декември 2016, 13:47:34 pm »
Еј будала, го возел 160 матизот. Ај јас го мислев нормален е.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #111 на: 29 Декември 2016, 13:49:28 pm »
Го бркав Симо, морав да го стигнам да му кажам дека му паѓаат штрафови од Алфата...

Ете така беше. Затоа, не ради друго :P

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #112 на: 29 Декември 2016, 14:01:07 pm »
За добра кауза, сакал да спаси човек од Алфа. Оправдано.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #113 на: 29 Декември 2016, 14:01:22 pm »
Така ти се чини, на таа брзина со таа кола ти е како Ворп на Стар Трек, затоа ти се причинило дека штрафој летаат :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #114 на: 29 Декември 2016, 14:58:15 pm »
Врска нема. Симо не ни беше тогаш со нас.

:D ;D

Се курчеше Милентије, сакаше да му докажи на сите дека е најбрз.
Кузнај колку одеше тоа кутрото, 160 кажуваше стрелката.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #115 на: 29 Декември 2016, 15:25:23 pm »

Твоја препорака што е најдобро од класа на Голф 6 (2009-2013)? Ме интересира зошто јас барав половна кола цели 4 месеци од тој сегмент и пристапив целосно несубјективно. Најзагреан бев да земам Мазда 3 па тргнав да барам тројки, а одкако се изнагледав и Астри, Браво, Ц4, Мегани што увезувани што домашни и од пријатели на крај се решив да пробам да видам и што е финта со Голфовите . Незнам како да ти доловам но посебно Бравото, Ц4 и Меганот неможеа ни да се споредат во квалитет на завршна изработка во кабината и ергномија, буквално како полу-продукти делуваа. По не многу мислење посебно зошто ми дадоа добра цена за Голфот го зедов (кој е возен како рент-а-кар од Скопје, така да можеш и да претпоставиш колку е чуван) Моментално има 125 000км и внатре нема ништо ни да крцне ни звук да испушти сите пластики во кабината, волан, менувач да не преувеличувам ама се како вчера излезени од фабрика. Од друга страна пак воланот и менувачот на Бравото и Меганот беа партал внатре на 100-125 000, Бравото крцкаше што и да пипнеш на таблата (и тоа имаа реални км 100%, зошто Бравото е фамилијарна кола на комшија ми). Баш затоа и прашав на темава зошто се толку хејтани Голфовите кога во најмала рака се рамо до рамо со конкуренцијата иако мене ми остави и надпросечен впечаток во однос на останатите кога беше време да купувам кола.
[/quote]

За голф и меган не сум компетентен да зборам многу бидејки ги имам возено и двете возила само на кратко, но за бравото ќе си дадам слобода да кажам дека не се согласувам со тебе.Имам фиат браво 1.4 90hp бензин купено 2009г од аутомобиле ск на ново.Денес има поминато нешто над 230000км.Во текот на овие 230000км освен потрошен материјал, не сум имал никаков проблем, а ти гарантирам дека има поминато повеќе од 60000км на патот Струмица-Радовиш кога патот беше коцки а не како сега, па сега нема никакво тропање,крцкање и слично внатре.Тотално различна состојба од тоа што ти го збориш.Возењето е мазно,тихо и не замара.Сеуште немам менето дискови,јабучници,спони,задница ништо нема чепнато, и немам никаква мака.Никакви проблеми со мотор,електроника,мењач и сл.Најголема мана на ова возило е силата на моторот.Ти ќе бркаш работа и со овој мотор, но си сака повеке сила посебно при преткување.Не дека го фалам своето, не ни имам потреба да го фалам, ни го произведувам ни го продавам јас, само зборам од мое долго искуство.Јас сум презадоволем од квалитетот на возилото, посебно моторот кој работи како нов и ден денес и после 230000км.А од овие увезените што се лемени и правени од 2 коли 1 како кинеските телефони не можеш да кажеш какво е возилото.Јас Фиат Браво би препорачил на секој пријател кој сака едноставно возило кое е ефтино за одржување има удобна вожња има доволно простор и нормална потрошувачка и има се што ти е потребно од еден автомобил.Тоа е моето искуство до сега, напишано на кратко.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #116 на: 29 Декември 2016, 16:12:05 pm »
Тоа е тоа Борче, али мора да е Голф.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #117 на: 29 Декември 2016, 16:14:15 pm »
Немора да е. Има други коли на кои повеќе има паѓа цената со годините па стануваат исто солиден избор за парите. Тоа ги вади.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #118 на: 29 Декември 2016, 16:25:05 pm »
Ги вади, ама ипак не се голф.

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Алфa или Гoлф
« Одговори #119 на: 29 Декември 2016, 16:45:28 pm »
http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=2249148

Еве пример уште кога ќе го видеш насловот " Уникат" "Ново" и сл, и кога ќе видеш дизел од 2007г со само 150000км, одма треба да знаеш дека е тешка превара ова.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI