Автор Тема: Свети ламбичката за низок притисок на масло Пассат 1.9 Тди  (Прочитано 7755 пати)

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
 ??? ??? ??? Се работи за пасат 1.9тди 110Коња, вечерва по пат за дома ми светна ламбичката за низок притисок на масло во моторот, односно три пати ако не се лажам светна и направи бииип бииип бииип и се изгаси.
Ова се случува на вожња од 90км/ч намалувам на некојси 70 ја вадам од брзина и прикочувам и ОПпп еве го биип биип биип.!
Ја изгасив во рок од еден километар проверив ниво на масло си беше во ред со него имам поминато 4К (Тотал едге 10/40)
После 1 час одмор ја извозив до дома околу 30 километри, не се запали поворно колата си се однесува нормално се си е ОК.
Но сепак не ми е сеедно(како да слушам повеќе штракање на моторот, побучна работа но можеби е само јанза >та:( ), Некој со слично искуство ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Да не ти паѓаат обртаите прениско?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Смени го маслото. Стави LM 10w-40 и нов филтер за масло Манн. Ако пак ти свети маслото имаш проблем со моторот.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Nemas pritisok na maslo, otideni se lageri na radilica, inaku lampica za maslo nikogas ne smee da svetne
vo voznja.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг:
« Одговори #4 на: 03 Август 2016, 09:15:21 am »
Количината на маслото да не е ептен над маx?Кај мене светеше сијаличето зашто некој деген на серис јас препунил со масло.

Sent from my F5 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Слична ситуација имав јас со поевтин филтер за масло но мене на бордот ми светна проблем со масло, не на таблата.
Го сменив филтерот со Hengst и немав понатаму проблем.

Кога ми јави проблем, се јавив на мајстор и ми рече ако е на борд, да проверам ниво на масло и ако има да возам.
Важно било да не свети на инструмент таблата, во тој случај јок возење ми рече, гаси на лице место.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13843
Чим продолжил да вози а не го пролупал моторот :) значи не е страшен дефект. Можи нема доволно притисок.

Ако имаш OBD2 види кој ти е притисокот на масло. Како и да е треба да се отвори картер да се види што е работата.

Можи пумпата ти е наполнета со гареж па да се изчисти да крени притисок. А кога веќе го правиш тоа ќе ги видиш лагерите на радилица.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Не мора да значи штом до сега не пролупал дека нема да пролупа. Дечкото вика дека почнало звук да вади...

Може да е ситница, сензор и слично, а може и да е сериозно, така да правец на мајстор. Ако го фатиш во порана фаза дефектот на лагери можеш и да поминеш малце полесно :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13843
Ќе види во картер што ќе најди :) Ако се е во ред нема гајле тогаш.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Чим продолжил да вози а не го пролупал моторот :) значи не е страшен дефект. Можи нема доволно притисок.

Ако имаш OBD2 види кој ти е притисокот на масло. Како и да е треба да се отвори картер да се види што е работата.

Можи пумпата ти е наполнета со гареж па да се изчисти да крени притисок. А кога веќе го правиш тоа ќе ги видиш лагерите на радилица.

Нема инфо за притисок на масло.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
 8)Само што се вратив од мајстор, променив моторно масло Еурол 10/40 + Филтер. Колата се однесува како и предхотдно без проблем сила вртежи и слично. Значи како што напоменав ламбичето светна и титна 3 пати (немам борд значи светна на табла) после продолжив да возам константно 30километри и денеска уште 20 не се запали повторно. Го прашав мајсторот како дошло до тоа и дали чудно работи моторот, рече дека моторот си работи како што треба, а ламбичката има шанси да е светната поради сензорот, исто така ми напомена да внимавам на картерот да не го чукам брибидејки е многу исчукан, инаку нема друг проблем е сега останува на времето да каже.
Ако има проблем со лагери на радилица или пумпа или некој поголем проблем мислам дека ќе се појави повторно во скоро време и често  предупредување. Можеби за момент кога ја извадив од брзина имат паднато обратаите или незнам што се има случено па јавило низок притисок на масло. По тоа што најдов на нет доколку стварно има проблем со низок или висок притисок на масло ламбичата светка и титка константно додека не дојде притисокот во нормала на одредени обртаи. Осттанува да каже времето.
И во најлош случај не е скап моторот некој си 300 евра  8)

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
Количината на маслото да не е ептен над маx?Кај мене светеше сијаличето зашто некој деген на серис јас препунил со масло.

Sent from my F5 using Tapatalk


Има шанска бидејќи нивото е над максимум но така го возам 4 месеци...

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Го збрчуваш аутото на 140-150 км/х,  или колку оди, едно 10 км. застануваш и ако
се запали сијаличето за масло, значи нема притисок, или пумпа за масло или лагери
на радилица, воедно се расипува и брегастата, пошто останува без подмачкување.
А држи и муабетот дека ако имаш лош (неквалитетен филтер) за масло може да се случи истото.
Решение - отвараш катер, или менуваш мотор.

Отсутен Ford_Sierra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 107
  • Sierra_86
 Веќе четврти ден после промена на маслото и нема јавено никаков проблем. Сепак утре ќе го отворам картерот да ја проверам цедката(ситото) од каде што прима масло пумпата.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг:
« Одговори #14 на: 07 Август 2016, 08:32:12 am »
Вaкoв прoблем ми се пoјaви мене нa Тoледo 1.9 тди 110кс. Вo вoзење светнa сијaличкaтa зa уље без никaкви други индикaции, мoтoрoт си рaбoтеше сoсемa нoрмaлнo и нивoтo нa уљетo беше нa мaксимум. Искoнтaктирaв сo мaјстoрoт и бидејки немaше никaкви други прoмени вo рaбoтaтa нa мoтoрoт ми рече дa прoдoлжaм дa вoзaм и дa oдaм дo кaј негo дa смениме сензoр зa уље бидејки мнoгу честo вo нив е прoблемoт

Sent from my LG-D855 using Tapatalk