Прво една заедничка за тие со obsessive compulsive disorder и оние што уште плачат по Тито, а не сме мрднале ни еден километар...
Од последните промени/сервиси до денес:Сервис/промена на фреон пред 5-6000 километриСè функционира добро, досега никакви забелешки
Сменети дискови и плочки пред 5-6000 километриУште има некое проквичување кога се симнувам по стрмно, а на бавно движење, пред вртење во гаража.
Мислев дека до сега ќе "легнат", матер им ебем...
Проблемот со капење масло пред 7-8000 километриРедовно проверувам, не се случило да капне од пролетта наваму.
Веројатно останува целата вина во разлабавување, а решението било само да се затегне тогаш кога менував дискови.
Немам прецизна мерка, мислам дека е можно и повеќе од 8000 да се извозени од тогаш, а стилот на возење е ист и при истите услови.
Да беше проблем со турбина или трошење на маслото, досега ќе го сменев.
Новиот акумулатор од Декември 2020Никакви забелешки. Пројде скоро година, името му го заборавив ама добар, галиба...
НовоПред 2 недели монтирани вториот пар Близнаци005.
Ланските ставени позади, новите на погон.
Изгор-паре, ама ич не се каам. Дождов се погоди одличен за стрес-тестови и сметам дека е убаво човек да се чувствува безбеден во кутијата во која седи и се движи секој ден.
Предни брисачи Valeo (Фала
@nsx-r !!!).
До сега користев Praxis.
Од денес можам слободно да констатирам: Да ти се мочам у тоа Praxis...
ПланПромена на амортизери, според Мануел, вика на 120.000км
Не гледам некоја посебна потреба за итно менување, ама имам добра понуда од колегата
@Prcot и земам што е можно поскоро.
Близнаков малку ми изеде од буџетот, а не сакам да правам компромиси на делови, само квалитетно.
Предлози добредојдени, дали се
Monroe Sachs добри или да целам повисоко?