Автор Тема: Skoda Yeti 1.2 TSI  (Прочитано 43245 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Skoda Yeti 1.2 TSI
« на: 01 Август 2016, 03:00:56 am »
Запознајте се со Yetko.

Тој е едно големостапало но питомо возило со стопет коњчиња сместени во 1200 центиметри кубни мотор.

Од главните работи/перформанси:

Саунд-системот е улав комплетно!
Тестирано на Adam Freeland, Amon Tobin и Aphex Twin.
Утре одиме со буквата Б.

Од споредна опрема има:

ABS со ASR+MSR+EBV
Iso-Fix,систем за фиксирање на детско седиште
Алумински фелни MOON 16` 215/60 R16
Зимски и летни гуми
Борд компјутер
Висинско подесување на предни седишта
Електрика на стакла во предните врати
Електро-хидрауличен серво управувач
Електронска програма за стабилност
Мал кожен пакет (управувач,менувач и рачна сопирачка)
Клима уред
Предни светла за магла
Фиока под совозачко седиште
Централен наслон за рака Jumbo Box
Централна брава со далечинско
Дневни светла

Моделот е Ambition, но со сериска опрема од некој од погорните "слоеви", не ме ни замараше ова при земање, така да допрва ќе дознаам што сè има :]

Еве линк со слики, бидејќи ембедов никако да проработи...
http://imgur.com/a/Djbli
« Последно менување: 03 Август 2016, 01:04:10 am loopz »
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #1 на: 01 Август 2016, 09:47:08 am »
Честито! :D

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #2 на: 01 Август 2016, 13:10:40 pm »
dobrodojde

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #3 на: 01 Август 2016, 13:38:22 pm »
Ја као што знам членов 2 ипол години кола бараше, коментираше и бараше мислења во ,,интересни понуди''. :D Ова мора да се залие со нешто а богами и плех да р'сне.. No hard feelings ;D

Честито со здравје да ја возиш!

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #4 на: 02 Август 2016, 11:56:46 am »
Со здравје да се вози, finally :D :D :D
New blood of old school

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #5 на: 03 Август 2016, 01:04:32 am »
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #6 на: 03 Август 2016, 01:09:32 am »
Ја као што знам членов 2 ипол години кола бараше, коментираше и бараше мислења во ,,интересни понуди''. :D Ова мора да се залие со нешто а богами и плех да р'сне.. No hard feelings ;D

Честито со здравје да ја возиш!

Море ќе видиш ти само ако ми дојдиш вамо... :))

А, се приметило, а? :D

Ќе ти раскажам една интерестантна, ама вистинита приказна.

Цело време имав од каде да земам возило кога ми треба, па затоа не ни купив ништо порано.
Инаку, ќе земев гољф 4 пред 2 години.
Само што, сите шо се продаваа беа тотално ѓубре. Спремен бев да дадам 4к за добар примерок - немаше таков :)

Пред еден месец за малку да купам Гољф 5. Го видов, одлучив да се вратам утредента да го пробам како што треба, а тогаш другарчињава се јавија со Јетиво и ете ти - нема што да се размислува.
Јетко со 70.000 > Гољф со 300.000 (ама од Италија, со 120.000 :))) )


Патем, фала и на сите други за честичките! :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #7 на: 23 Ноември 2017, 13:44:57 pm »




Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #8 на: 23 Ноември 2017, 16:30:32 pm »
Моторот го возам во 2014 beetle и можам да кажам дека доста жилав и дека сигурно има повеќе од 105 коња како што декларираат. Одличен избор.
Зини да ти кажу.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #9 на: 23 Ноември 2017, 17:14:25 pm »
Прекрасна машина, навистина.

Ајде сега вие сениорите препорачајте некој убав бандаж :)

Не сакам да ги вадам/ставам гумите секоја сезона, па за наредна би купил екстра 4 тркала :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #10 на: 23 Ноември 2017, 17:30:14 pm »
Шеснајски?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #11 на: 23 Ноември 2017, 17:56:16 pm »
Јес, 16 инча, секоја идеја е добредојдена!
И нормално, да е нешто што го има кај нас, со пристојна цена - не ефтино лимче, ама не и од тие најскапите! :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #12 на: 23 Ноември 2017, 18:26:13 pm »
Па стави си ги зимскиве на челичен бандаж црн, ќе му стои на Јетиво, а летните вози ги на овие што ги имаш сега

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #13 на: 23 Ноември 2017, 18:58:55 pm »
Па стави си ги зимскиве на челичен бандаж црн, ќе му стои на Јетиво, а летните вози ги на овие што ги имаш сега

Алуминиумскиве се со 215/60/16
Дали би препорачал друг формат за зимски или да го следам истото?
(Може е глупо прашање, ама сè уште сум нов во ова :])

Едит:
Исчитав многу работи, највеќето препорачуваат да не ставаш 17 инча на Јети, заради понеудобно возење + поголем ризик од оштетување гуми на нашите лоши патишта.

Баш ме интересира и ваше мислење овде...
Од естетска гледна точка - 17" изгледаат шеснаеспутабоље, ама ако тоа не е оправдано со функционалност, ќе останам на 16" сигурно
« Последно менување: 23 Ноември 2017, 22:48:00 pm loopz »
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Yeti 1.2 TSI
« Одговори #14 на: 24 Ноември 2017, 01:51:11 am »
Јети е, подобро 16-ки со повисока гума, ем попрактично ем поудобно ем поубаво на изглед