Кај тигуанот и тајронот пластиките беа на исто ниво како кај мене, можеби и подобро, не обрнав толку внимание на тој дел, те не ми западна во очи дека се лоши пластиките.
Али чим влегов во шкодите евидентно беше. Октавијата беше за нигде со некоја шарена пластика или штоф некој беше, ама не личеше убаво. Претходните модели, рецимо 2015 многу подобри пластики имаа, поготово Суперб-от. Сега се разочарав. Боље ќе земам некоја Дачија барем нема да ја ценат 60К

Ќе ја проверам Е класата секако, децава се сеуште релативно мали, ако е потесно не е проблем доколку имаат простор за нозете повеќе од голфот.
Не би сакал да зимам СУВ, ама од тоа што видов до сега повеќе ќе ми одговара, во смисол цена, простор и лесно влагање излагање од кола.
Слободно предложете модели (не мора да е СУВ, те пожелно е да не е СУВ) кои од искуство знаете дека се габаритни, ама да не се со цена како Volvo XC 90

Моментално во Германија има добри лизинг понуди на VW, нови и половни, затоа и ги гледам, ама побитно ми е да најдам нешто што би ми одговарало па да го чекам да се појави со добра цена.