1.9 JTD у Пунто има 80 коња и 195 Nm, не е бог знае колку појак од 1.3 Multijet кој има 10 коња и 15 Nm помалку. Од друга страна, Поло 1.9 TDI со 105 коња е скрос друга приказна, има огромна разлика меѓу 1.4 HDI и 1.9 TDI, а разликата меќу 1.3 Multijet и 1.9 JTD е далеку помала. Двете споредби се сосема различни.
Инаку, не мора да значи дека појакиот/поголемиот мотор е подобар по дифолт. Помалите мотори имаат повеќе предности во споредба со поголемите: поефтина регистрација, поефтино одржување и пониска потрошувачка. Поголемите мотори имаат подобри перформанси на отворено, но некој кој ретко вози надвор од град нема да види многу корист од тие перформанси.