Па самото ова докажува колку е доминантен и дека воопшто не е загрижен што би помислила јавноста и дали би имало негативно влијание ако не потпише некој договор.Верува во квалитетот што го нуди и знае дека на купувачот би го избрал постојаниот и докажан квалитет отколку да чита кој каков договор потпишал.
Матеј, не е работата во тоа дали е квалитетен поради тоа што потпишал или не потпишал. Сакам да кажам дека ФВ е толку моќен што може да пркоси на барањата на целиот свет.
На пример, седумдесет и некоја година бил донесен пропис во Европа да рачките за отворање на вратите на автомобилите не смеат да штрчат како на овој пример од Пасат:
Рачките требало да бидат вакви:
Оваа одлука била донесена поради големиот број на сообрачајки каде многу лесно се крши таквата рачка и потоа некој што ќе притрча на помош не може да ја отвори вратата и да пружи помош.
Фолксваген и Мерцедес тогаш извршиле притисок а веројатно и корупција, поради што ваквата одлука била анулирана.
Поентата ми е во тоа што гигантските корпорации со тек на време стануваат многу влијателни и иако не се монопол добиваат својства на монопол. Ако ви текнува истото се случуваше и со банките во Америка и западна европа и со тоа предизвикаа светска криза и им ги ебаа животите на милиони луѓе. Ене ги затоа сега протестираат пред Wall street.