Јас лично од VW up сум многу изненаден, го возев 4 дена рент а кар низ словенија пред 3 месеци со 1.0 моторче.....и бев позитвно изненаден, потекнува како дизел од 75 кс на пежо, правам муабет го возам 207 1.4 ХДИ секој ден, ова количе што го возев беше 60кс моторче, низ Љубљана покажа потрошувачка од 6.5л низ град. Така да ако си за него земај го и ако ти треба баш такво градско возилце. Во спротивно би ти препорачал Кia Rio 1.1 околу 9500 е основниот со клима.....Инаку возилцата од класа на пиканто и10, панда не се во тренд во Р.М од онај момент кога шугавава влада одлучи дека подобро е да возиме стари возила него ли ново возило од фабрика, така да ја пре би и10, и30, киа рио него ли шугав Гољф 5-ка или bmw 525 td старо 12-15 години. Бидејки какво и да е возило од над 10 години е истрошено возило (и то ова со претерување).
Јас на пример кога го купував Ceed-от (на ново) пред 1.5 година бев наговаран од пријател кој купу а6 2006 (стакло, како од фабрика), дека kia не било кола, дека ќе сум зажалел ова она...џабе фрлени пари. Уствари не испадна така уствари тој остана жалниот со неговото возило како од фабрика, пред месец дена имаше проблеми со бошот, претходно со компјутерот, од кога ја купи фрли уште 2500 во оправки.
Јас за ceed-от 16.000 колку ги поминав за година и пол немам никакви забелешки на возилото.