Автор Тема: Најевтин нов автомобил  (Прочитано 69009 пати)

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #15 на: 05 Јули 2016, 03:46:51 am »
Suzuki Celerio 1.0 GL 8660 EUR колку што го разледав има доста интересна стандардна опрема.
http://www.mirkat.mk/html/html-celerio/images-celerio-2015/Cenovnik-Celerio-2015.pdf

Ги читам претходните постови, па да ве прашам дали кога се купува кола која планирате да се користи скоро цело време низ град, треба да се земе некоја 6 метра долга, со V8 мотор бензин (нормално на плин, пошто така е по фраерски) и да возиш по патишта на кои ограничивањето е 60км/ч (по новите правила 50км/ч). И за на крај како шлаг на торта да ви бидат дополнителните маневрирања поради поголемиот дијаметар на вртење.

Отсутен dcs

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 15
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #16 на: 05 Јули 2016, 08:31:44 am »
Значи воопшто не ми треба бесна кола, цело време ќе се вози низ град, до работа и назад, мала кола, нова, евтина, со гаранција.
Шевролет отпаѓа затоа што го нема во Европа, иако беа квалитетни. Имаше малце миризба :-D
Сандеро за 8500 нема клима!
Фиеста за 9600 нема клима, инаку ок е.
Спејс стар беше 9000 пред фејслифтов, на акција инаку накај 11000 евра е во ценовник! Тоа 99 евра е на многу години.
Up, citygo, mii и тие се преценети.
108 е поскап од 208!
Ново си е ново, нормално :-)
Е ова со сузукиво ме погоди ама сепак мислам дека е многу блиску со цената со swift. И страв ми е да отидам во миркат, ако отидам ќе купам baleno :-D евентуално celerio да ми го дадат за 7000 :-D
dcs

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #17 на: 05 Јули 2016, 15:31:28 pm »
Фиестата од велтауто најдобра опција мене ми изгледа.
Е сега не знам како одат гаранциите, ама претпоставувам уште 2 години ќе имаш.

Во зависност од буџетот ново не е секогаш најдобро.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #18 на: 05 Јули 2016, 16:41:24 pm »
Фиат Панда можиш да видиш, во основниот модел има клима.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен bozoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #19 на: 05 Јули 2016, 17:44:30 pm »
Ако си заинтересиран за LIFAN има 3-4 модела интересна копија на минито е околу 6000 евра со клима, електрика на сите прозори и уште нешто опрема, лично се познавам со увозникот ако си заинтересиран пиши ми пп ке добиеш конкретна понуда

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #20 на: 05 Јули 2016, 17:59:04 pm »
Баш ме интересира што имаат понуда од коли, имаат ли веб?
Моторчињата за кинески добро им се покажаа.

Отсутен bozoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 131
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #21 на: 05 Јули 2016, 18:14:00 pm »
https://www.facebook.com/abcbrotherdfsk/?fref=ts Еве ти страна на фејсбук, вебот мислам дека им е у изработка

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #22 на: 05 Јули 2016, 18:27:11 pm »
Јас би ги избегнал Целериото, Спејс Старот, Ап/Ситиго/Мии и 108/Ц1 и би ја земал Пандата. Има доволно опрема (мануелна клима во основното ниво на опрема Pop) и многу подобар мотор од другиве претходно споменати возила, се тоа за цена од 9690 евра: http://www.fiat.mk/wp-content/uploads/2016/06/Cenovnik-Fiat-Panda_08.06.2016.pdf

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #23 на: 05 Јули 2016, 18:53:47 pm »
- Целерио не сум го возел, па не знам дали да го препорачам или не. Знам дека имаше recall во UK за проблеми со кочници (на два наврати за време на две различни тестирања комплетно откажаа кочниците). Све у свему, наааајверојатно би го заобиколил.

- Спејсстарот е одлично евтино количе. Дизајнот е ни-ваму-ни-таму, ама се добива многу опрема и солидно моторче за парите. Може да биде изненадувачки економично. На негова страна е 5-годишната гаранција што ја дава Mitsubishi - особено важна работа кога зборуваме за купување кола со ограничен буџет. Се добива стварно многу опрема за парите - блутут-мутут, USB, електрика на сите прозори, итн.

- Ап/Ситиго/Мии се изненадувачки добри мали градски возила. Коцкастата форма и тркалата-во-ќош дизајнот обезбедуваат многу повеќе простор него што личи на прв поглед. Внатре стварно има простор за четворица, плус се изненадувачки комотни и на отворен пат. Мииииислам дека има поголем багажник од наведените конкуренти, иако не сум 100% сигурен. Во глава ми се мота некоја смешна потрошувачка низ град  - меѓу 5 и 6 литри бензин на 100.

- Пандата има едно брдо шарм. Височката суспензија ја прави практична за  низ град и за возење по нашиве градски улици. Генерално ентериерот е пластичен, ама тоа може и да се очекува со оглед на класата. Бензинчињата би ги заобиколил, би отишол на дизелче.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #24 на: 05 Јули 2016, 19:17:00 pm »
У ПМ навистина нема веќе евтини количиња, како што беше второто Пунто од околу 8000еур, Свифт за 7500еур, Логанот (прв), со клима и ел прозори за 7900 итн. Се е преку 10К. Целерио, 108 и тие таквите не би требало да бидат поише од 6к.

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #25 на: 05 Јули 2016, 20:22:43 pm »
- Пандата има едно брдо шарм. Височката суспензија ја прави практична за  низ град и за возење по нашиве градски улици. Генерално ентериерот е пластичен, ама тоа може и да се очекува со оглед на класата. Бензинчињата би ги заобиколил, би отишол на дизелче.

Панда 1.3 дизел можеби е и најдобро возило од таа класа, ама кошта 3 иљади евра повеќе од бензинецот, а за 12800 може да се земе и Пунто 1.3 дизел кое е една класа над Пандата.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #26 на: 05 Јули 2016, 23:43:49 pm »
У ПМ навистина нема веќе евтини количиња, како што беше второто Пунто од околу 8000еур, Свифт за 7500еур, Логанот (прв), со клима и ел прозори за 7900 итн. Се е преку 10К. Целерио, 108 и тие таквите не би требало да бидат поише од 6к.
Само да те поправам кај Dacia од AMBIANCE ниво на опрема се со клима и нај ефтиното е од 8500еур.

Најдобро му е да одели неколку часа да прошета по салониве да си земе понуди, оти цениве што се објавуваат по интернет и реалните немаат врска. Уште од кога ќе влезиш во салонот ти даваат некој попуст, а да не збориме за понатаму.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #27 на: 05 Јули 2016, 23:51:08 pm »
Фиестата од огласот е предобра понуда! И опрема и се. Једино ја друг бандаж би стаил. Небитно.  Да купувам сега кола до тие пари да барам нешто такво не би се мислел ќе одам да ја повозам и ако ми се допадне ја купувам одма! 60 000 не се ништо, тоа е малтене ново. До душа да бидам реален за тие пари можееби да се најде некоја голф 6ка ама 2 илјадарка не верувам. Сепак ова е последниот модел на фиеста со титаниум опрема. Понуди помалце и пробај да се најдете негде на средина. Во мида на ново оваа фиеста со таа опрема не ја добиваш под 12 ипол илјади во најдобар можен случај.
« Последно менување: 06 Јули 2016, 00:06:15 am Allexxander »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #28 на: 05 Јули 2016, 23:52:10 pm »
А да видеш некое Toyota aygo
А морам да го пофалам 1.3 мултиџет во фиат панда сум го возел, многу жилав не се примеќа дека е дизел.
« Последно менување: 05 Јули 2016, 23:59:51 pm brm brm »

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #29 на: 06 Јули 2016, 00:26:27 am »
На кредит по 99 евра го даваат новиот Спејс Стар, види го него.
+1
Јас исто би ти го препорачал Спејс Старот или Сузуки Свифт, затоа што нудат највеќе за парите.
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D