Автор Тема: Најевтин нов автомобил  (Прочитано 69010 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #45 на: 07 Јули 2016, 09:18:07 am »
Клуч.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #46 на: 07 Јули 2016, 09:26:32 am »
Јас лично од VW up сум многу изненаден,  го возев 4 дена рент а кар низ словенија пред 3 месеци со 1.0 моторче.....и бев позитвно изненаден, потекнува како дизел од 75 кс на пежо, правам муабет го возам 207 1.4 ХДИ секој ден, ова количе што го возев беше 60кс моторче, низ Љубљана покажа потрошувачка од 6.5л низ град.   Така да ако си за него земај го и ако ти треба баш такво градско возилце. Во спротивно би ти препорачал Кia Rio 1.1 околу 9500 е основниот со клима.....Инаку возилцата од класа на пиканто и10, панда не се во тренд во Р.М од онај момент кога шугавава влада одлучи дека подобро е да возиме стари возила него ли ново возило од фабрика, така да ја пре би и10, и30, киа рио него ли шугав Гољф 5-ка или bmw 525 td старо 12-15 години. Бидејки какво и да е возило од над 10 години е истрошено возило (и то ова со претерување).

Јас на пример кога го купував Ceed-от (на ново) пред 1.5 година бев наговаран од пријател кој купу а6 2006 (стакло, како од фабрика), дека kia не било кола, дека ќе сум зажалел ова она...џабе фрлени пари. Уствари не испадна така уствари тој остана жалниот со неговото возило како од фабрика, пред месец дена имаше проблеми со бошот, претходно со компјутерот, од кога ја купи фрли уште 2500 во оправки.

Јас за ceed-от 16.000 колку ги поминав за година и пол немам никакви забелешки на возилото.


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #47 на: 07 Јули 2016, 09:44:44 am »
Kia Ceed споредуваш со A6?
Едно кругче во двете би требало да ги реши сите дилеми.
И со Дачија би немал никакви проблеми 100.000км ама возиш тенок лим со малку штоф и малку евтина пластика.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #48 на: 07 Јули 2016, 09:53:08 am »
Затоа што правите такви безвезни споредби ви испаѓа рачунот лош. Демек тука ако е половна колата мора да е 15 години стара или да е X6. Други половни коли не постојат. А6 и Сид. Требало и Бентли да споредиш 40 години старо.

Споредба може да се направи во Сид од 14500 со 1.4 дизел, и А3 2012та 2.0тди S-line. (Или Пасат 2012 2.0 тди комфортлајн ако треба багажник). Или да се спореди UP 1.0, со Фиеста 1.5 тдци 2013 за 9000. Дали некаква сатисфакција добивате со споредбиве од 15 години не ми е јасно, ама мора малку во реалноста да се вратите.

Не викам дека Сидот нечини, напротив многу чини. Ама само да не се правиме мутави ми е зборот, дека „не постојат 3-5 години нови коли од фабрика“.


П.С. UP е многу добра кола, затоа и ја фалам обично. Особено е добро за рентакар зошто е најефтина категорија за изнајмување, а често е и подобра кола од оние од следната категорија. Тивко е, удобно за 2ца, и за неколку дена е ствано перфектно возило да го изнајмиш. Измислено е за скоро сите други коли кои се изнајмуваат од најниска и таа над неа класа. А за купување е исто океј со оглед на тоа што ќе мора да се конвертира на плин - се разбира.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #49 на: 07 Јули 2016, 10:39:48 am »
Deni, се што кажа е моја поента, јас немам проблем со полвно возило, имам второ половно возило , го купив 7 години старо и сум презадоволен...моментот беше што не можев да оделам уште некој 3000 инаку ќе возев, шкода цитиго (ќе возеше сопругата). ;)


Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #50 на: 07 Јули 2016, 11:51:05 am »
Ако не се лажам, човекот бара совет за ново возило. Не го расплинувајте муабетот на половњаци. Си има свои разлози и во ред е тоа.
Мој совет, причекај кога ќе има некоја фина промоција по компанииве, не брзај. Роднини мои земаа (Grande) Punto pred 6-7 месеци за помалку од 9.000 со клима, централно, електрика на прозори, серво, абс... Колку што си вреди аутото реаално.

Гладна кокошка просо сонува. Место да му помогнат на чоекот, тие си ги кажуваат скриените желби  :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #51 на: 07 Јули 2016, 12:44:16 pm »
Или го поучуваме од нашите грешки. Зависи кој како сфатил. Сепак е офтопик половно возило, ако насловот е ново возило.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #52 на: 07 Јули 2016, 12:49:25 pm »
Ја не мислам дека е грешка купување ново возило. Само јас не можам да си го дозволам возилото што го сакам на ново, па морам да праам компромиси.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #53 на: 07 Јули 2016, 12:57:00 pm »
Зависи..На нова кола многу се губи.. Другар зема ново авео 2008та година за 9000 евра.. од опрема нема ни О.. Сеа прашање е дали можи да му земи 2500 евра..

Клиото го земав 2500, сега во секој момент можам да го дадам 2500.. (да не заборавиме дека 1000 имам вложено али и тој на авеото има)..
Комбето во 2006та го земавме 2500 евра.. Сега вредноста му е околу 1000..


Е сеа јас кога би имал пари би зел ново џигит клио или па меган пошто од кога се излезени новите модели ми се неостварена желба..

А ова е голема глупост, да го земам најевтиното можно возило на пазарот, само да е ново.. Зошто ново, кога за истите пари можи да се земи 10 пати подобра кола која е малку возена..

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #54 на: 07 Јули 2016, 12:58:48 pm »
Или го поучуваме од нашите грешки. Зависи кој како сфатил. Сепак е офтопик половно возило, ако насловот е ново возило.
Со оглед на тоа дека последниот пост му беше пред 2 страници и пред 2 дена, сигурно му е многу занимливо да чита за половни коли во тема за нова кола.

Како и да е би му препорачал на админот да си ги разгледа можностите за реагирање при одговори кои се надвор од тема, ако сака да го задрже нивото на форумот

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #55 на: 07 Јули 2016, 13:03:56 pm »
Јас кога зимам нова кола, гледам колку ќејф ќе ми направи:
1. Купувањето нешто ново, избрано со опции, боја, или што ти ја знам, по моја мерка,
2. Безгрижноста на сервисирање и мали оправки,
3. Безбедноста на гарантниот период,
и уште доста други убаини кои си ги носи купувањето нова кола.

Најмалку во глава ми е колку ќе изгубам кога ќе ја продавам. Можда ќе ја тоталисам у меѓувреме, па нема ни да ја шитнам - од кај да знам?! Може ќе ми ја украдат без каско, па отиде најголем зијан на светот, ама тоа е тоа. Икономисти нека му ја мислат за тоа. Ја ќе мислам како да заработам пари за друга - нова кола, ако можам.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #56 на: 07 Јули 2016, 13:07:31 pm »
Тоа да.. Ја купуваш колата со кеиф.. Или па ти се свиѓа па сакаш да ја имаш... А типот бара најевтина, била каква само да е нова..

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #57 на: 07 Јули 2016, 13:15:21 pm »
Бузуки, многу јасно дека се губи цена на возилото. И ти да го продаваш за година-две од сега клиото, нема да ја извадиш таа цена што си ја платил, плус сето тоа што си го вложил.
Ако сакаш да испаднеш ќар од возилото, треба за максимум 2-3 месеци од купувањето да го продадеш, ама тогаш стануваш препродавач на коли, а тебе целта ти е тоа или да го повозиш возилото 4-5 години ?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #58 на: 07 Јули 2016, 13:33:50 pm »
Не е работата за ќар.. туку што помалце да изгуби...  Евтино возило одма ќе ти скурчи, сигурно нема да го вози 4-5 години, немаш ни комоција, ни вожња, ни перформанси, ни опрема.. Или па како и многумина ќе се теши дека го зел 8000 евра, па сега не го продава пошто не му се исплаќа да го шитне за 4000 евра...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Најевтин нов автомобил
« Одговори #59 на: 07 Јули 2016, 13:43:52 pm »
Човекот не бара ќефлиско ауто. Бара ефтино ауто. На тоа ауто, за 4 години ќе изгуби и потроши помалку отколку јас што изгубив и потрошив на 166-ката за 4 години, а ја платив отприлика колку што чинат ефтините аута што тука се спомнуваат. Во секој случај, тотален офтопик е зборењето за половни аута кога некој бара ново ауто.
Тоа е исто ко` вицот типот што иде у продавница и бара г`с папир, а продавачот му вика „немам г`с папир, ако сакаш брус папир да ти дадам“...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.