1.4 HDI би требало да биде поекономичен од 2.0 TDI барем на исти обртаи
Кај дизел моторите колку пооптеретен е моторот толку понеефикасен е. кај бензинците ефикасноста е иста во секој режим. Така да ако 2.0 е помалку оптеретен од 1.4, има логика да е и поекономичен.
Секој мотор има график на неговата ефикасност. Кај дизел поголемо оптеретување носи и поголема економичност (во однос на силата). Но кога силата и онака е многу мала како на автопат или при нормално возење пресудни се обртаите. Еве пример:
Ако избегаш од обртаите џабе е оптеретувањето и мислењето. Кога моторот е околу 1500-2000 вртежи може да се очекува најниска потрошувачка. Ако е премал дизелот овој дел ќе му е дупка и бескорисен. Кај оние дизели во кои овој дел не е дупка колата е многу ефикасна. Катастрофа е за дизел да работи на 2500-3000 вртежи, кога нема потреба од сила. Само непотребно арчи гориво.
Зошто помалку? Поготово што 1.4 хди доаѓа со епски лош мењач сигурно е 2.0тди помалку.
Не се важни коњите, туку колку од нив користиш, во кој опсег на вртежи се наоѓаш, колку агррсивно се однесуваш со возилото.
Верувам 1.2тди да извади помала од пасатов потрошња заради добриот менувач во споредба со 1.4 хди и тдци како што постирав погоре.
Не е само мотор колата има и други делови.
Океј нормално дека не се користат сите коњи при 1500-2000 обртаи и номално дека со подобар мењач и со уклучен темпомат колата троши помалку, ама сигурно не троши само 3.6 на 100, поготово не со уклучена клима. Можда грешам, ама 1.4 HDI би требало да биде поекономичен од 2.0 TDI барем на исти обртаи, е сега тоа што 1.4 HDI-то е спарен со таков мењач и моторот врти со 1000 обртаи плус на иста брзина во споредба со 2.0 TDI е друга приказна.
Има логика, да. Ама колата е сосе мењач. Ако успее да нема турбо дупка на 1500-2000 обртаи и да има менувач кој ќе овозможи да работи во тој опсег ќе е поекономичен. Не гледам зошто да не би бил. Ете како и 1.2 тди што е поекономичен од 2.0 тди кога се на слични обртаи.