По не многу долго барање возило, и тоа конкретно А класа (преферирав првиот модел А168), го најдов ова сребрено количе.
Моделот е A class W169, 180 CDI.
Мотор 2.0 дизел, 80 KW/110 KS, 250 Nm, со 6 брзини мануелен мењач.
Ниво на опрема Elegance, што точно има од опрема не би знаел точно да набројам, ама има кожен волан со команди, команди за сите прозори, електрично подвижувани ретровизори...
Колата е увезена од Италија, на борд покажува 189000 КМ. Ја однесов на проверка во Аутомакедонија, генерално е во добра состојба, треба да сменам манжетни напред и граничник на предна врата. Треба да ставам и адитив за дизни, едната малце подмочува па за 2000 Км пак на проверка.
До сега поминав 200 Км отприлика, убава возња има колата, високо е седењето што мене ми се допаѓа, потрошувачката почна да се намалува од 8 литри првите денови на околу 6.5 последново возење
Ќе оди на полирање и хемиско кај Даме за 2 недели.
Планови некои посебни за модификации немам, освен клима фолии. Може за зимски сет гуми да купам челични бандажи па така да ги менувам. Би сакал ако може да се изведе на фабричкото радио да се поврзе и USB, а звучниците му се сосем доволни и убаво свират.
Тоа е тоа сега за сега.