За осеќање како тркач таман е. И јас имав прилика на кратко да ја возам колава, за низ град е сосема океј. Цената малце налудничава со оглед на тоа што се зема Фиеста за тие пари, а Фиеста пред ова секогаш би избрал и да ги нема сите играчки што ги има ова.
Сума-сумарум, основниот модел со клима е добар избор за флотна продажба на фирми, ќе го отепаат од возење. Ако сака дури и брзо може да биде, со таа дугачката втора брзина џоа Корвета (крева 100ка во втора)
Едит: муабетов за ценава важеше за сумата што ја наслушнав кога ја остававме колата со Класниот. Над 10.000 беше, многичку ми се виде. За 9900 сосема друг муабет се прави.