Неможе осмица метално, зошто е со приклучоци на натакнување и во кочионата и во спојката преку преградниот лим, како и да е го средив. Земав пневматско пластично црево ф12, со малку греење на краевите ги натакнав коленестите приклучока а преходно на цревото ставив 2 парчиња термособирачка изолација за краевите, таа е онаа која со греење се собира. Таква имаше и на фабричкото цревце. Пробав кривини да правам, го наполнив цревцето со песок, па со загревање да правам агли ама неуспешно, така да друго цревце оставив право.
Егр-от го извадив и не е толку страшна ситуацијата, у секој случај го зачистив ама не онака како што знам. Пошто немаше многу усисната не ја ни чепнав, така да се спасив сега за сега од тој зафат.
Вратив се назад, запалив, загреа, ја повозев, кочниците се ок, со вакумот не осеќам некоја разлика сега за сега.
Филтер за воздух и полен сменив, ми остана масло, филтер за масло и нафта да сменам, ама ме стемни и останува ваљда за утре да го средам тоа.
Во прилог некое сликче:
Испратено по поштар