Автор Тема: Estate VS MPV - Игра на простор  (Прочитано 71384 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1887
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #390 на: 02 Ноември 2019, 14:42:04 pm »
Полекате бе другари, до Спринтер и Боксер стигнавте а, а зошто пример голф со 150 коња би бил рационален избор, што ќе ти е толкаво колиште со толку моќност за низ град, па со Уп, Мии или Ситиго сто пати порационален избор е, 60 коња, мали гуми, не троши, ефтина регистрација, ефтио каско, за тие 7 дена на одмор ќе ставиш куфер горе и ајт, што ќе возам колиште како Голф цела година непотребно.

Слободата што ја имам со голем гепек за мене е непроценлива, секогаш си носам тоа што сакам не се замарам да планирам или кратам од себе или децата. И цело време го користам дали точаци мкнам, дали други потребштинин до село до овде до онде, голем гепек е убава работа.
И друга работа, голем гепек не значи кратење од други задоволства, колата прави исто кеиф само е попрактична, пример Ауди РС6, цело време непотребно би го мкнел тој празен караван простор со мене и ептен ќе мине кеиф ради тоа.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1305
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #391 на: 02 Ноември 2019, 16:13:07 pm »
Незнам за вас, ама мене ич не ми се убави новиве Типо.
Уште кога ќе помислам дека се прават во Турција ептен ми се крши ќеифот.
Нажалост слабата продажба ги натера веројатно на таков потег.
Ќе видиме како ќе оди сега откако се споија со PSA,
Се надевам дека нема да почне да пропаѓа сега и Пежо  :)

Пежо е веќе пропаднато во тој сегмент со 301

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #392 на: 02 Ноември 2019, 16:49:26 pm »
Полекате бе другари, до Спринтер и Боксер стигнавте а, а зошто пример голф со 150 коња би бил рационален избор, што ќе ти е толкаво колиште со толку моќност за низ град, па со Уп, Мии или Ситиго сто пати порационален избор е, 60 коња, мали гуми, не троши, ефтина регистрација, ефтио каско, за тие 7 дена на одмор ќе ставиш куфер горе и ајт, што ќе возам колиште како Голф цела година непотребно.

Слободата што ја имам со голем гепек за мене е непроценлива, секогаш си носам тоа што сакам не се замарам да планирам или кратам од себе или децата. И цело време го користам дали точаци мкнам, дали други потребштинин до село до овде до онде, голем гепек е убава работа.
И друга работа, голем гепек не значи кратење од други задоволства, колата прави исто кеиф само е попрактична, пример Ауди РС6, цело време непотребно би го мкнел тој празен караван простор со мене и ептен ќе мине кеиф ради тоа.

Ти имаш слобода со огромниот гепек, но 350 денови во годината имаш потенцијален поголем проблем за паркинг однего јас со голфот. ;D :D  Едноставно многупати паркингот е кнап, и огромна кола како супербот физички не можеш да ја паркираш таму каде што можам јас голфот. :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #393 на: 02 Ноември 2019, 16:55:01 pm »
Само тди бајо мој.
Јас одлучив да не одам со децата на одмор, оти ода на одмор, не на умор xD Али за викенди ко ќе се штеаме низ мк, кнап ми е голфот, морав вуферот да го извадам за да ги собери сите рабоќе...

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #394 на: 02 Ноември 2019, 18:11:10 pm »


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30070
    • CARclub.mk
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #395 на: 02 Ноември 2019, 19:33:32 pm »
CGI, али добро. :D

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #396 на: 02 Ноември 2019, 21:12:29 pm »
Kolku e dobro cgi-vo. Ko oviebod nasa e.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #397 на: 02 Ноември 2019, 22:12:33 pm »
Јас со 2 деца, колична, седиште, транспортер со база, транспортно креветче, адаптирано млеко, пелени за 10 дена, кашички, сокчиња, влажни марамици х3, креми за децава, пешкири мин 6-7, нешо ситно реквизити за на песок и базен, постелнина за жена ми и децата (јер таква си е) нешо ситно храна и нормално облека.

Во Алфа 147, со чист поглед кон задно стакло.

Во превод.
290 литра багажен простор.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #398 на: 02 Ноември 2019, 23:33:23 pm »
Ќе преживе цела фамилија и со југо 10 дена на кампување ама да се потсетиме...

Среќа одамна е bit-ов, инаку Џорџ и дроновите ќе ги спомнеше :)))
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2735
  • Шалабајзер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #399 на: 03 Ноември 2019, 02:44:42 am »
Рентам пежо партнер товарно или фиат дукато за на одмор, цена поволна

Можам и фиат фиорино да ви понудам, али ко што глеам мало ќе ви е тоа..


Sent from my iPhone XS using Tapatalk
« Последно менување: 03 Ноември 2019, 15:04:03 pm Kikac »
No turbo, no fun :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #400 на: 03 Ноември 2019, 09:17:54 am »
Мене најмногу ми пречи количката од детето, многу е непрактична и со големи тркала, следен пат не ја носам, ќе мора да и купам летна (ако сеуште пројавува интерес за количка). За друго секогаш не собирало во сите коли што сум ги имал, мене и жена ми во еден куфер. Секако таму не одам на ревија, на лабавење одам, сеедно ми е што со 2 пара шорцеви ќе бидам на плажа. Нешто годинава се спремила за детето 1000работи потегнала па среќа видов и од се тоа го одбравме најбитното. Назад се вративме со пола не искористени работи. Кога може @marjanot со 3 деца да оди на одмор со хот хеч без никаков додатен багажник, може секој.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #401 на: 03 Ноември 2019, 09:51:50 am »
Идеш во Турција на летен одмор и мора да се спакува шушкавец за ако заврне, пижами за ако залади ;D

Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1037
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #402 на: 03 Ноември 2019, 10:04:40 am »
Караван дефинитивно!
Багажник, изглед, масивност (стабилност) кога ќе го накрцаш не мрда.
За паркинг? Она коа ќе ми речат мало градско количе сегде да го паркираш.
Бљак.
Ако знаеш да паркираш, ќе те собере и со Сканија.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #403 на: 03 Ноември 2019, 11:23:20 am »
Што се однесува за паркирањето, не е точно.
Не знам колку пати сум наоѓал слободни места за паркирање, (да се зачудиш зошто останале слободни) и едноставно не можам да влезам со i30.
Некогаш е проблем и да излезам од паркинг, со отпосле неадекватно паркирани коли на средина.
Со i10 немам никогаш таков проблем.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Estate VS MPV - Игра на простор
« Одговори #404 на: 03 Ноември 2019, 11:29:27 am »
Што се однесува за паркирањето, не е точно.
Не знам колку пати сум наоѓал слободни места за паркирање, (да се зачудиш зошто останале слободни) и едноставно не можам да влезам со i30.
Некогаш е проблем и да излезам од паркинг, со отпосле неадекватно паркирани коли на средина.
Со i10 немам никогаш таков проблем.
Ти треба скутер штом со и30 имаш проблем за паркирање.