Автор Тема: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen  (Прочитано 9229 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« на: 20 Мај 2016, 13:29:35 pm »






http://www.carclub.mk/2016/05/20/test-renault-megane-1-2-tce-100-zen-eden-slicen-no-poinakov-megane/

Мене новиов Megane многу ми направи мерак. И ми се свиѓаше како вози, и ми се свиѓаше како изгледа. Малку штуро изгледа централната конзола во најосновната верзија, ама иначе стварно немам забелешки. Цената е малку.. височка (најевтината веријанта почнува од ~17.000 евра), ама веќе почнувам да ги гледам по улици, па ваљда проаѓа.

Најавено ни е дека ќе земеме и 1.5 dCi GT-Line, и со задоволство го чекам и тој.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #1 на: 20 Мај 2016, 13:33:05 pm »
Мераци од кола. Жалосно е да е во вакво издание и со ваков мотор. 1.5dci и GT-Line е единствена логична верзија за ова возило и тоа по цена од 17.500 за таква верзија.



Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #2 на: 20 Мај 2016, 13:40:35 pm »
Nadvoresno kako.za osnoven model e ok,vnatresno na slika sedistata i volanot se ok,drugoto mnogu loso...posebno centralniot del i delot kaj kilometrazot kako golf 1 da gledam.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #3 на: 20 Мај 2016, 13:49:26 pm »
Megane- одличен  as usual. Мината генерација беше безлична, но се поправиле. Кога го гледате анфас, ако само замислите дека ги нема закривените LED  светла и ако наместо баклавчето се стави шеврон, дали нема да личи на C-4
By the way одлични фотографии as usual

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #4 на: 20 Мај 2016, 13:57:49 pm »
Многу ми се допаѓа на изглед надворешно, ама кокпитот и делот кај обртометарот и брзиномерот  во ова основно ниво на опременост е катастроф. Во повисоките нивоа мислам дека доаѓа со електронски брзиномер и други дрангулии слични како кај каџарот,а и кокпитот доаѓа со тач скрин кој работи доста мазно. Покрај такви спецификации според мене е најлично возило внатре и надвор во класата, за возни својства не можам да коментирам не сум го возел. Цената за 1.2 бензин е доста соленка :).

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #5 на: 20 Мај 2016, 14:19:46 pm »
Многу лошо внатре, кокпит и централна конзола. баш како што пиша MecheTo, голф 1.

на таа цена не личи вака

ако ова е 17, дизелот GT line колку ке биде 20к евра?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #6 на: 20 Мај 2016, 14:27:48 pm »
Многу лошо внатре, кокпит и централна конзола. баш како што пиша MecheTo, голф 1.

на таа цена не личи вака

ако ова е 17, дизелот GT line колку ке биде 20к евра?
http://renault.mk/download/cenovnici/novi-renault-megane-mk.pdf

Секако ова 22000 веројатно е некоја фиктивна бројка која се надевам ќе се врати на реалните 17500 за 5-6 месеци.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #7 на: 20 Мај 2016, 14:27:55 pm »
Еве ценовник, http://renault.mk/download/cenovnici/novi-renault-megane-mk.pdf

22 000 евра дизелот ГТ лине со 110 кс

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #8 на: 20 Мај 2016, 14:43:33 pm »
Го симнале, 23-и-кусур беше на старт.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #9 на: 20 Мај 2016, 14:48:40 pm »
Надворешно убаво скоцкан. (без подочначи напред и вегите позади би било уште поубаво, ама добро, нека е и вака.)
Мене внатрешноста ми е врв, барем од сликите. Воланот и малата ручна  ми прават мерак. Сега за обртометар мене па баш вака ми е кул. Кој не му се допаѓа ќе го порача во друго ниво на опрема.
Само ептен занес ги тепа - 19.250. !? Да беше 12-13000 да го купиш бензинецот. Ама вака :(  
Караван би требало да го има нели? Само он ќе биде 25 000 ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #10 на: 20 Мај 2016, 14:50:51 pm »
малце фали на тестовиве повеќе критика и истакување на лошите страни. ептен сите се убаво фино, најубаво и маалце ова не ни се допаѓа.

претпоставувам ако некој почне лошо да пишува нареден пат кола на тест може нема да дадат ама малце доза на реалност да се внесе не е лошо

таков впечаток имам барем јас

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #11 на: 20 Мај 2016, 14:53:32 pm »
^ Затоа постои форумот. :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #12 на: 20 Мај 2016, 14:57:25 pm »
малце фали на тестовиве повеќе критика и истакување на лошите страни. ептен сите се убаво фино, најубаво и маалце ова не ни се допаѓа.

претпоставувам ако некој почне лошо да пишува нареден пат кола на тест може нема да дадат ама малце доза на реалност да се внесе не е лошо

таков впечаток имам барем јас

Секогаш ги истакнувам оние работи кои ми сметаат. Во реалноста, многу малку од новиве коли се лошо. Новиов Меган стварно многу ми напраи мерак.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #13 на: 20 Мај 2016, 15:05:18 pm »
Меганчево е стварно многу добро за секојдневно ауто. Одлично изгледа однадвор, моторот има сила од најниски вртежи и прилично тивко работи, седиштата се одлични, нема боди-рол по кривини и добро ги прима нерамнините на патот. Одличен е за нормално возење.

Мене не ми се допаѓа изгледот на централната конзола ни во ова ни во повисокото ниво на опрема. Тука го имаат направено толку штуро што кога менуваш температура на климата не ти покажува степени туку само еден бар со цртки. Во повисокото ниво на опрема се добива тач дисплеј а ла Тесла што сметам дека е практичен само кога си застанат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Renault Megane 1.2 TCe 100 Zen
« Одговори #14 на: 20 Мај 2016, 15:09:14 pm »
малце фали на тестовиве повеќе критика и истакување на лошите страни. ептен сите се убаво фино, најубаво и маалце ова не ни се допаѓа.

претпоставувам ако некој почне лошо да пишува нареден пат кола на тест може нема да дадат ама малце доза на реалност да се внесе не е лошо

таков впечаток имам барем јас
Затоа си имаш форум и дискусија.

Муабетот кај Меганов по мене е дека централната конзола е ужас жив, стварно нечини. Пластиката одма се улепува, и не личи на ништо општо целата. Сепак остатокот од колата, која е хеџбече за просечен човек е стварно добро. Многу културна вожња, поготово што беше на висок профил гума, како што треба. Тивкичко релативно на автопат, дупките исто тивки. Седиштата големи и комфорни. Куплунгот убав, погоден за дозирање. Кочниците исто фини за притисок. Воланот убав за држање и командање. Све у свему океј е.

Новиве коли што вика Зеро се релативно добри, да. И тешко е да најдеш нешто „лошо“ на нив. И поретко се наоѓа. Како на 508 куплунгот што беше, или на Меривата куплунгот, како што Минито со 5 врати е ругоба, како совозачкото седиште на Типото што е во небеса кренато, како јагуарот што нема место позади, како и30 што свиркаше, или Тусонот со аутоматикот, како X1 што бубрези ќе ти извади од тврдоќа, Фокусот хеџбек што нема гепек итн. Скоро сите имаат по некоја таква сочна утка. Во случајов со Меганот тоа е централната конзола. Има и некои што се толку обмислени што стварно неможеш да им се фатиш за ништо, како Астрата, Голфот, Октавијата, Мустангот, А4, Фиеста, Цивик и така натаму, ама поретки се.