малце фали на тестовиве повеќе критика и истакување на лошите страни. ептен сите се убаво фино, најубаво и маалце ова не ни се допаѓа.
претпоставувам ако некој почне лошо да пишува нареден пат кола на тест може нема да дадат ама малце доза на реалност да се внесе не е лошо
таков впечаток имам барем јас
Затоа си имаш форум и дискусија.
Муабетот кај Меганов по мене е дека централната конзола е ужас жив, стварно нечини. Пластиката одма се улепува, и не личи на ништо општо целата. Сепак остатокот од колата, која е хеџбече за просечен човек е стварно добро. Многу културна вожња, поготово што беше на висок профил гума, како што треба. Тивкичко релативно на автопат, дупките исто тивки. Седиштата големи и комфорни. Куплунгот убав, погоден за дозирање. Кочниците исто фини за притисок. Воланот убав за држање и командање. Све у свему океј е.
Новиве коли што вика Зеро се релативно добри, да. И тешко е да најдеш нешто „лошо“ на нив. И поретко се наоѓа. Како на 508 куплунгот што беше, или на Меривата куплунгот, како што Минито со 5 врати е ругоба, како совозачкото седиште на Типото што е во небеса кренато, како јагуарот што нема место позади, како и30 што свиркаше, или Тусонот со аутоматикот, како X1 што бубрези ќе ти извади од тврдоќа, Фокусот хеџбек што нема гепек итн. Скоро сите имаат по некоја таква сочна утка. Во случајов со Меганот тоа е централната конзола. Има и некои што се толку обмислени што стварно неможеш да им се фатиш за ништо, како Астрата, Голфот, Октавијата, Мустангот, А4, Фиеста, Цивик и така натаму, ама поретки се.