Ако има над 150,000км препорачуваат да се премине на 10/40.
И јас го слушнав истото
Премногу дезинформации од овој тип има во Македонија. Почнувајќи од трговци па до мајстори, се шират глупости. Ако моторот е во одлична состојба ќе работи на 5w-30 или 0w-30. Овие две спецификации се стандард за 95% од европските возила. Ваквите масла може да се тераат до 400.000км на правилно возен и одржуван мотор. Потоа може да се премине на 5w-40. На подебело масло се преминува само ако моторот е подистрошен и троши масло.
Зборувам за европските коли од последниве 15-20 години. Постарите мотори возат подебели масла како 5w-40 или 10w-40.
Моите два дизелаша се во рангот 200-300к работат на 5w-30 и во стандардниот сервисен интервал од 12.000км не бараат дотурање на масло. Сега ќе преминам на лонг лајфи ќе го возам до 20.000км, доколку маслото што го одбрав е оригинално и квалитетно, ќе треба да го следам.
Моментално на 12.000км го правам тестот со крпа што го спомна онак, маслото се бриши од рака од прва, не остава никаква трага, што значи дека не е заситетно и има уште многу возење во него.