Да ви го претставам моето ново возило. После три бензинаши, дојде време и за дизел. Се работи за Renault Megane II 1.5 dci 82HP, произведено 2003 година. Од опрема поседува АБС, серво волан, подесување на волан, борд компјутер, клима уред, секундарни команди за радио, 6 воздушни перничиња, електрика на 4 стакла и ретровизори, далечинско заклучување, 16ка алуминиумски бандажи, металик боја, светла за магла, ЦД плеер, сензори за светла и дожд итн.
Од количето досега сум задоволен, доста е економично, а со оглед на коњажата има доволно снага. Единствено очекував амортизацијата да е помека, како на постарите француски возила, ама по малку е круто, али тоа е што е.
Фабрички податоци:
4 цилиндри
1461 cm3
184Nm
60KW
CO2 emissions - 117g/km
максимална брзина 171 km/h,
0-100 km/h - 14,3s
потрошувачка: градска - 5,5 отворено 3,9 комбинирано 4,5
5 брзини
должина - 4209 мм
ширини - 1781мм
висина - 1461мм
меѓуоскино растојание - 2619мм
багажнник - 331Л
тежина - 1170кг
Еве и некое сликце