Сега ќе треба да собува кондури пред секое влегување во кола. Се знае за кај нас само гумени патосници, па колку сака нека изгледа грдо. Порано во една кумановска перална, во зима, талентот ми ги беше испрал и платнените патосници со шмрк вода и ги вратил во кола пред да ја земам колата. Не се свестив на време, стигнав дома, паркирав колата во гаража и не ја возев недела дена. После една недела отворам кола, внатре смрди како мушка соблекувална у 7мо одделение. Едвај успеав да ја вратам колата во нормала.