Одамна не сум направил update на темава.
-Претходно имав пишано дека колата не загреваше во зимо. Проблемот пробав да го решам во ноември па од чекање мајстори што имаат гужви па и мои обврски тоа успеав да го решам тек во фебруари...
После 3 сменети термостати за џабе сеуште ме убедуваа дека мора да е до термостат нема што друго. Поразговарав со неколку луѓе што имаат мерцедес од овие генерации и многу од нив сеуште имаа ист проблем. Знаев дека неможе сите да купиле нови расипани делови и решив да најдам мајстор што ќе сака да го најде проблемот а не само да менува термостат. По препорака на пријател отидов кај Јовче на илинденска работел само со мерцедеси. Викам најди што ја спречува колава да загрее не мењај термостат. И добро се враќам после работа вика „сменивме термостат имаш 80 сега“ ја пребледев пак 4 000 на гладно си викам. Сабајлето иако не одам со оваа кола на работа викам ќе ја возам према сервис ако загрее одам на работа ако не ја оставам пак кај нив. Стигнувам после ~15км колава 50 степени. Па така после 4 месеци акање некој ми рече колава има друг проблем оставија ќе испитаме.
Испадна дека проблемот бил во вакум цревата ги извадиле исчистиле сите и сега е добра.
Но сепак колата загрева доста споро и ми падна сумливо тоа што потрошњата во зимо мие идентична како и во лето. Па така малку погуглав и дознав дека колава не шприца повеќе нафта за да загрее побрзо туку има некој си додатен греач (некој го викаат вебасто но мислам вебастото е за загревање во кабина и не е истиот систем) кој кај мене не функционира.
-Одкако го решив греењето на колава дојде ред да ме заебава ладењето. Компресорот сам се гасеше по кратко време или воопшто не се уклучуваше. Ја однесов кај мајстор Бране вика многу ти тече хладњакот дај прво тој да го смениме другото ќе го решиме лесно е. На 13.05.2020 7 500ден отидоа за нов хладњак цена како за w204.
Следно да видиме зошто се гаси компресорот Бране ја гледа цел ден вика ова е за на електричар ќе те пратам кај еден. Одам таму тој крева раменици. Одам на друг колата ми стоеше таму 4 дена ме убедуваше дека утре ќе ја напраи знаел што е проблем за на крај да рече незнам штое работа дојди земи ја. Пак се вратив кај дечките на илинденска за 1 ден ми завршија работа. Испадна расипан бил магнетот на компресорот и влечел премногу струја и така доаѓало до гасење на компресорот. Сменет со нов од тогаш е супер.
-Крај на јуни дојде ред за регистрација
9 676ден осигурување (со патници и данок за под 26 години)
6 050 технички
= 15 762ден
- 29.06.2020
сменето уље, филтер за уље, филтер за воздух, филтер за нафта, филтер за полен, затегач, каиш и ролерот до водна пумпа.
Заборавив да ги сликнам затегачот ролерот и каишот
Планот беше да ја сменам и водната пумпа но климата ми испадна непланиран поголем трошок па тоа ќе остане за понатака.
-14.08.2020
Точно 1 година од последното центрирање па го посетивме Мето денес да бидам на сигурно дека е све во ред.
Побарав и да се провери подвозјето испадна само гумица на предно лево горно рамо е за менување што не очекував мислев дека ќе има уште нешто. Од таму заминав на балансирање на гумите.
-Во меѓувреме ги заменив распаднатите оригинални патосници
Чекам одговор од Vox дали имаат адаптери за звучниците во задните врати ако имаат ќе ги менувам и тие деновиве.
Од почетокот на октомври минатата година колата ја возам само јас имам поминато 10.380км
Една слика од евиденција за просечна потрошувачка
Тоа е тоа за сега пријатен ден
Едит:
Причината зошто се збогувавме со е36ката