Моторчето 1.6 HDi добро ја придвижува каросеријата и при тоа вади пристојна потрошувачка. Се осеќа доста поживо од 1.5 dci. Менувачот е најслабата страна на колава, со долг од и бара убаво да го насочиш кон степените на пренос.
Воланот ми беше мене омилениот дел. Одличен за држење во раце и со мало вртење веднаш менува насока автомобилот. Мислам дека е најдиректен во класата. На неговиот спортски карактер малку се противи меката суспензија, која има изразен бодирол во свиоци. Сепак, ова се средува со поспортски спирали и моделот станува навистина забавен за возење. Ова го заклучив по возење на Professional Tuning возилото со Vogtland спирали.
Дизајнот на ентериерот сеуште ми изгледа некомплетен, но мислам дека тоа ќе се среди со фејслифтот каде ќе го стават истиот од новиот 3008:
http://www.carclub.mk/2016/04/21/peugeot-ja-pretstavi-vtorata-generacija-od-i-cockpit-enterierot/Исто така и дизајнот на екстериерот во предниот дел според мене изгледа недоволно карактеристичен за брендот, но мислам дека тоа ќе го поправат со фејслифтот и ќе изгледа како седанот за кинескиот пазар:
Просторот во кабината е задоволителен. Имаше таман место за Дени на задната клупа. Не за да се оптегне, но не и да му бидат притиснати колениците. Багажникот е огромен!
Заклучок: Дефинитивно би го вклучил 308 во потесен избор за купување на автомобил од оваа класа. Иако не изгледа доволно впечатливо, навистина е забавен и комфорен за возење, а при тоа и економичен.