Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style  (Прочитано 9380 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« на: 21 Април 2016, 21:42:28 pm »


- Истиот 1.6 HDI што добро го познаваме. Фин, рафиниран, економичен мотор.
- Убави и комотни седишта.
- Фино подесена суспензија за по наши улици. Многу фин впива нерамнини.
- Иако е мека суспензијата, фино мења насока на движење.
- Многу прави разлика (во однос на претходната 308-ца што ја возевме) убавата боја и малку повеќе опрема. Како скроз друга кола да возевме.
- Голем багажник.
- Непрецизен мењач.
- На некого му смета малиот волан, мене не. Многу ми е интересно и опуштено возењето.

http://www.carclub.mk/2016/05/27/test-peugeot-308-1-6-hdi-100-style-vo-vistinsko-svetlo/
« Последно менување: 27 Мај 2016, 14:06:44 pm zeroSignal »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #1 на: 21 Април 2016, 21:47:20 pm »
Навистина солидно возило. Во вакво издание веќе е пристојно.

Голем багажник, но на сметка на просторот на задните седишта - јасно ја позиционира колата во сегментот 2+2 фамилии. 2 возрасни, 2 деца и поприлично багаж замотан во мека вожња. А мало за паркирање. Совршено фамилијарно возилце во секој поглед.

Моторот е ептен погоден за намената исто така. Спор и економичен. А мислам и ефтин? Тоа ќе е mejk or brejk кај колава. Ако е цената добра ќе е супер. Ако не имаш Астра седан дизел за 15300.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #2 на: 21 Април 2016, 21:59:50 pm »
Акциска цена ќе му биде 17.690. Коректно.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #3 на: 22 Април 2016, 08:08:25 am »
И тата би сине.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #4 на: 24 Април 2016, 16:18:56 pm »
Никогаш не сум ја возел 308ката. Какков е комфорот и звучната изплација во однос на Голф и новата Астра?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #5 на: 24 Април 2016, 16:31:09 pm »
Во однос на комфор - 308-цата е значително помека и покомпетентно се справува со дупки и нерамнини од германските конкуренти.

Звучна изолација мислам дека е на страна на Голфот, ама без директна head-to-head споредба, тешко би ми било да дадам конкретно мислење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #6 на: 27 Мај 2016, 13:35:07 pm »
Штура е централната конзола, и пипаво е тоа централното екранче за да наместиш клима и потрошња.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #7 на: 27 Мај 2016, 13:53:24 pm »
Моторчето 1.6 HDi добро ја придвижува каросеријата и при тоа вади пристојна потрошувачка. Се осеќа доста поживо од 1.5 dci. Менувачот е најслабата страна на колава, со долг од и бара убаво да го насочиш кон степените на пренос.

Воланот ми беше мене омилениот дел. Одличен за држење во раце и со мало вртење веднаш менува насока автомобилот. Мислам дека е најдиректен во класата. На неговиот спортски карактер малку се противи меката суспензија, која има изразен бодирол во свиоци. Сепак, ова се средува со поспортски спирали и моделот станува навистина забавен за возење. Ова го заклучив по возење на Professional Tuning возилото со Vogtland спирали.

Дизајнот на ентериерот сеуште ми изгледа некомплетен, но мислам дека тоа ќе се среди со фејслифтот каде ќе го стават истиот од новиот 3008: http://www.carclub.mk/2016/04/21/peugeot-ja-pretstavi-vtorata-generacija-od-i-cockpit-enterierot/

Исто така и дизајнот на екстериерот во предниот дел според мене изгледа недоволно карактеристичен за брендот, но мислам дека тоа ќе го поправат со фејслифтот и ќе изгледа како седанот за кинескиот пазар:



Просторот во кабината е задоволителен. Имаше таман место за Дени на задната клупа. Не за да се оптегне, но не и да му бидат притиснати колениците. Багажникот е огромен!



Заклучок: Дефинитивно би го вклучил 308 во потесен избор за купување на автомобил од оваа класа. Иако не изгледа доволно впечатливо, навистина е забавен и комфорен за возење, а при тоа и економичен.
« Последно менување: 27 Мај 2016, 14:08:13 pm Fic_CC »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #9 на: 27 Мај 2016, 14:18:19 pm »
Epten bombasticno mi izgleda,i nadvor i vnatre e super,posebno vo nekoja top oprema.Koga ke mi tekne kolku svetlosni godini e poubavo od 307 veke ne se ni trudam da najdam nekoja zamerka.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #10 на: 27 Мај 2016, 14:51:37 pm »
Тешко за варење централната конзола и километражата џенем онаму...
Инаку делува многу допадливо. Кај овие генерации многу ми се бендисува задниот дел а посебно задните светлосни единици.

И да, да се сложам со Фиц, ова ќе биде фантазија кога ќе го вметнат ентериеров:





« Последно менување: 27 Мај 2016, 14:58:55 pm pirat_07 »

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #11 на: 27 Мај 2016, 15:01:38 pm »
Epten bombasticno mi izgleda,i nadvor i vnatre e super,posebno vo nekoja top oprema.Koga ke mi tekne kolku svetlosni godini e poubavo od 307 veke ne se ni trudam da najdam nekoja zamerka.
Реално за времето кога е излезена 307-цата е една од најубавите во класата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #12 на: 27 Мај 2016, 15:31:46 pm »
Тоа беше 206, а не 307.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #13 на: 27 Мај 2016, 15:48:58 pm »
И 307 беше една од поубавите во класата ако направиш споредба со Меган, Голф 4 итн. иако ова е субјективно мислење.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Peugeot 308 1.6 HDI Style
« Одговори #14 на: 27 Мај 2016, 16:02:07 pm »
Posle 206-ta se bese katastrofa dur izlegoa 508 i rcz.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D