Здраво Плимонтци
Кажете ми за 1.2TSI/1.4TSI (конкретно кај Yeti ме интересира), кој плински уред се монтира?
Знам порано требаше да се испрати број на шасија од сообраќајна да се види дали може да се стави системот.
Дали уште се работи на тој принцип?
Исто ме интересира и за Toyota Avensis 2.0 бензин од 2007 година, дали истото важи горе споменатото за Хонда (капалки и такви ствари)?
Да и сега е потребно да имаме код на мотор за да дадеме дефинитивен одговор, но начелно за сите 1.2 и 1.4 ТСИ мотори на Фоксваген групацијата постои опција за вградување на плински уред. Тоа се посебни уреди за возила со мотори со директно вбризгување. Со ваков уред возилото ќе троши константно 70% плин и 30% бензин. Во нашата понуда ги имаме Landirenzo Omegas Direkt со цена од 1050 евра, и AC Stag DPI со цена од 850 евра.
Што се однесува за Шкода Јети, нешто подобра варијанта за плински уред е 1.4 ТСИ моторот.
За Toyota Avensis 2.0 со стандардниот VVT-i мотор, важи истото како и за Хонда, стандарден секвент уред со капалка, цени од 420 до 680 евра. Доколку моторот има ознака VVT-i D-4, тогаш се работи за мотор со директно вбризгување за кој цената за вградување на плински уред е 850 евра.