Здраво плимонт.. ме интересира дали се монтира плин на FSI/TFSI моторите на ауди ? Исто и 1.4 турбо од фиат (гранде пунто)
Ако да која би била цената и дали ќе има мака колата ?
Едит..
Исто и бензинецот на мерцедес компресор 1.8.. 2.0.. 2.3 дали се конвертира на плин?
FSI/TFSI моторите на Audi се мотори со директно вбризгување, односно бензинот се вбризгува под висок притисок директно во цилиндрите. За овој тип на мотори предвидени се Landi Оmegas Direct уредите со цена од 980 до 1050 евра, кои се произведуваат посебно за секој тип на FSI/TFSI мотор и за конкретна информација за можноста за вградување на плински уред потребен ни е кодот на моторот. Со овој тип на плински уред возилто ке троши 70% плин и 30% бензин, односно вбризгувањето на бензин не смее целосно да се исклучи.
Бензиските мотори со директно вбризгување (FSI, TFSI, Di-SI, JTS, VTI, Direct, D-4, Tce, CGI...)се најкомплексните и најкомплицирани бензиски мотори кои бараат "перфектно" одржување, и секоја аномалија на моторот кога ќе работи на плински погон ќе биде повеќекратно почувствувана.
Фиатовите 1.4 Турбо мотори се стандардни бензиски МПИ мотори. Се вградува стандарден секвенционален плински уред, а успешноста на конверзијата на плински погон зависи од капацитетот на компјутерот на плинскиот уред, брзината на софтверот и на плинските инјектори и моќноста на испарувачот. Наша препорака за овие возила се уредите на Landirenzo
-Omegas Evo во комбинација со LI10-Turbo испарувач, со цена од 610 евра
-Omegas 3.0-уред кој е фабрички припремен со компоненти и софтверски опции за вградување на турбо мотори, со цена од 640 евра.
Мерцедесовите KOMPRESSOR се стандардни МПИ мотори, и прилично често ни доаѓаат за вградување на плински уред возила кои се опремени со овие мотори. Изборот на плински уред тука е поголем, како и распонот на цени, од Еммегас со цена од 380 евра, до Oмегас 3.0 со цена од 640 евра. Доколку купувате возило кое планирате да се вози на ТНГ, треба да знаете дека Мерцедесовите возила со ознака CGI не можат да се конвертираат на плински погон.