Плимонт имам прашање за вас во однос на плински уред кај фелиција/фаворит, 1.3 мотор со двогрли карбуратор.
Кога монтирате плински уред на овие возила, дали им го редуцирате усисот со некакви импровизации како на пример селотејп, притоа да ја блокирате клапната во пластичниот дел во усисот да влече само ладен воздух ?
Еве и слика ке ви поставам да видите кај мене како била редуцирана:

Во што се состои проблемот. Во јануари месец почна да ми вади прилично високи потрошувачки на плин, 14-15 литри. Ајде ке го оправдаме со образложение дека беше претерано ладно, преку ден околу -10 па до -18 преку ноќ, плус релативно кратки релации.
Но и кога затопли, повторно прилично висока потрошувачка, 13-14 литри.
Земав извадив овој селотејп, клапната во усисот ми беше блокирана цело време да влече ладен воздух, ја ослободив таа клапна што е во пластичниот тунел која регулира усисување на топол/ладен воздух. Од тогаш наваму потрошувачката е генерално 12.5
Но има и проблем врзан со таа клапна, а тоа е дека таа кога е 100% исправна, таа треба на загреан мотор да го блокира усисот на топол и да усисава цело време ладен воздух на загреан мотор. Јас воочив дека таа кога моторот е изладен, таа целосно го затвора протокот на ладен воздух, а кога ми е на работна температура моторот, 30% од воздухот што го влече е ладен, околу 70% е топол воздух преку ребрастото црево, значи на загреан мотор не успева да го блокира ребрастото црево и ми меша топол со ладен воздух паралелно.
Еве и слика да видите сликовито во каква положба е на загреан мотор.

Работата се состои во тоа што неможам идеално да ја наштелувам, не иде толку добро како порано кога беше редуцирана со оној селотејп без разлика колку и да го отворам вентилот на цревото.
Додека моторот сеуште не е стигнат на работна температура и клапната го блокира усисот на ладен воздух, влече солидно, кога клапната ке се намести како на цртежот ја губам силата на моторот.
Пред два дена ја блокирав клапната повторно со штраф, наместив само на ладен воздух (посекако исправна клапна и ке се намести во таква позиција на загреан мотор), но јас во таква позиција и неможам да добијам целосна сила на моторот. 3 кругови го отворам вентилот на цревото од најниската точка кога моторот гуши и никако да ја добијам силата. (додека пак кога имаше селотејп на усисот, само 1 круг беше отворен вентилот од најниската точка и влечеше онака солидно)
Вечерва тестирав, на 3 круга отворен вентил, со блокирана клапна да влече ладен воздух, не влече добро. Потоа го извадив штрафот, клапната се намести како на цртежот што е, моторот доста живна и почна добро да влече. (да напоменам дека успат го дотерувам плинот и на кругот на самиот испарувач со помош на друкањето на кочницата, да не гасне моторот кога друкам кочница, значи паралелно со појачување на вентилот на цревото, по потреба го појачувам и на испарувачот).
Исто така да кажам дека пред 3-4 дена ги испуштив и маснотиите од испарувачот, на црниот пластичен штраф што е испод него.
Еве да го видите и мешачот, се работи за постар мешач со приклучок за едно црево, не за две

Исто така и она панцирно црево го заменив со друго затоа што беше камен круто, АМА тоа што го заменив е за 1 до 2 милиметри во дијаметар помало од панцирното, НО дијаметарот му е идентичен со дијаметарот на приклучокот на мешачов и излезот на вентилот за штелување што е.
Имате некое објаснување за оваа појава ? Проблемот е во испарувачот, цревото што сум го заменил или сосема трето ? Филтерот за воздух ми е нов, нема ни 1000 км поминато и не е воопшто извалкан.
Дали правите онакви импровизации со редуцирање на всисаниот воздух за да се добие идеално работење на плин ?
Ако одговорот е ДА, тогаш дали само на фелиција или општо на сите коли мора да го редуцирате протокот на воздух ? На други коли што сум гледал, усисниот тунел им е доста поширок од на фелицииве, и тогаш зошто неможе испарувачот да ми го ''Нахрани'' моторот со усисот како во фабричка состојба ?
Да напоменам дека кога го имав селотејпот на усисот, на бензин ми гушеше кога додавав гас, морав да ја притискам гаста како со пердув за да повлече добро, сега ми влече солидно на бензин, го немам гушењето.