Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 959265 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2235 на: 07 Декември 2016, 17:14:57 pm »
Притисок мора да се создаде во системот . Инаку како колата би работела на бензин? Бензинот до дизните стига под притисок создаден од пумпата. Колата кога работи на плин, пумпата за бензин ствара исто толку притисок како колата да работи на бензин. Значи бензинот под притисок стига до бризгалките и повторно се врака во резервоар кога колата работи на плин.

Барај си квалитетна пумпа, не си играј со вакви работи. Исто внимавај од каде ставаш бензин.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2236 на: 08 Декември 2016, 19:51:10 pm »
Дали има некој вградено прекинувач за кога работи колата на плин, да се исклучи бензинската пумпа да не врти?

На интернет има дека доста луѓе така правеле, затоа што пумпата им прегорувала поради притисокот кој се создавал во системот кога работи во празно.

чиста глупост е тоа. бензинската пумпа може да крене поголем притисок одошто сигурносниот вентил испушта назад во резервоар... тоа значи дека пумпата е предвидена да работи на тој притисок. по интернет ке прочиташ и дека некој си прави играчки од кравји гомна, ама тоа не значи дека е тоа нормално и дека така треба. пумпата нема да ти се расипе ако е саглам.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2615
  • Custom made interiors
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2237 на: 09 Декември 2016, 19:13:55 pm »
Само секогаш треба да си има доволно бензин во резервоар да не биде нон стоп на резерва.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2238 на: 09 Декември 2016, 20:46:37 pm »
Mожеш со реле да направиш коа префрла на плин да ти ја гаси пумпата,ама па така може и проблем да ти јави ако имаш сензор за притисок на горивото па да ти дава грешка а и може да не ти работи ич моторот.

Отсутен racingx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2239 на: 09 Декември 2016, 22:53:25 pm »
za prijatel ima staveno polski ured vo lada 112 ne go prasav od koja kompanija mu se desava na trganje pod mali vrtezi da secka i neraboti motorot ramnomerno duri i tresenje moze sovet blagodaram

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2240 на: 09 Декември 2016, 23:49:27 pm »
На лада 110-111-112, доста чест проблем се бобините, доста се кварливи. Нека си ги провери нив дали се исправни.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2241 на: 10 Декември 2016, 00:00:36 am »
бобина и маф сензор

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2242 на: 14 Декември 2016, 20:29:36 pm »
lada? 110-111-112... хахах.. на тие коли само моторите им работат НЕКАКО и ништо друго...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2243 на: 15 Декември 2016, 12:57:14 pm »
Дали е можно и препорака за плински уред за Форд Мондео 2004 година 2,0 110кв?
Фала, Поздрав

Отсутен Oliver^^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2244 на: 15 Декември 2016, 20:28:55 pm »
Само секогаш треба да си има доволно бензин во резервоар да не биде нон стоп на резерва.
Баш како што кажа членот Deno- доколку сакате да НЕ КУПУВАТЕ БЕНЗИНСКИ ПУМПИ(редовно над резерва резервоарот).Еве јас го имам плинот 7години без смената бензинска.
koa ke porasnam ke si go kupam - https://goo.gl/RdUpGL

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2245 на: 16 Декември 2016, 15:23:00 pm »
Дали има некој вградено прекинувач за кога работи колата на плин, да се исклучи бензинската пумпа да не врти?

На интернет има дека доста луѓе така правеле, затоа што пумпата им прегорувала поради притисокот кој се создавал во системот кога работи во празно.

Пумпата за бензин задолжително треба да е вклучена и кај возилата кои се на плински погон. Исклучувањето со реле е можно, но тоа е спротивно на прописите и не се препорачува. Возењето на плин не ја прегорува бензиската пумпа. Доколку секогаш имате бензин над резерва пумпата функционира вообичаено. Доколку го оставите резервоарот за бензин подолго време на резерва, пумпата нема да биде потопена во течност и ќе откаже. Исто така, не треба да се заборави дека бензиската пумпа не е предвидено да трае вечно, по ,,отслужените,, километри или работни часови таа треба да се замени со нова.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2246 на: 16 Декември 2016, 15:25:58 pm »
za prijatel ima staveno polski ured vo lada 112 ne go prasav od koja kompanija mu se desava na trganje pod mali vrtezi da secka i neraboti motorot ramnomerno duri i tresenje moze sovet blagodaram

Лада 112 е до некаде специфично возило за плин, не секој плински уред работи коректно на овие возила. Можете да не посетите да видиме дали можеме да помогнеме.
« Последно менување: 16 Декември 2016, 15:39:22 pm plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2247 на: 16 Декември 2016, 15:54:06 pm »
Дали е можно и препорака за плински уред за Форд Мондео 2004 година 2,0 110кв?
Фала, Поздрав

Може да се вгради плински уред на Мондео од 2004 година. Наша препорака е Landi Omegas Evo, со цена од 570 евра, или Emmegas sсо цена од 423 евра.

Отсутен Baraban

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2248 на: 17 Декември 2016, 09:01:50 am »
за даевоо ланос 1.5 1999 каков систем треба која е цената

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 869
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2249 на: 17 Декември 2016, 15:50:23 pm »
за даевоо ланос 1.5 1999 каков систем треба која е цената

Наша препорака за Daewoo Lanos од 1999 год. е Emmegas системот, во комбинација со торусен резервоар од 38 или 42 литри. Emmegas е предвиден да функционира и кај постарите типови на МПИ мотори, каков што е случајот со 1.5 моторот на Lanos. Цената е 423 евра (26.000 денари). Гаранцијата е 24 месеци, без ограничување на поминати километри.