Би сакале накратко да го претставиме Секвенционалниот автогасен систем Emmegas
Emmegas е италијански производител, дел на Landi Group-најголемиот светски производител на автогасна опрема.
Emmegas автогасните системи се проектирани, произведени и тестирани во Италија.
Производството на Emmegas се изведува низ сертифициран процес за управување со квалитетот кој ги исполнува највисоките стандарди.
Сите компоненти на Emmegas системот се сертифицирани според ECE 67R и ECE 110R меѓународните регулативи за автогасна опрема.
Emmegas секвенционалниот ТНГ систем наменет за возила со 3/4-цилиндарски MPI мотор е опремен со:
-Едностепен редуктор-испарувач тип ML 14 со вграден гасен вентил, кој поддржува мотори со моќност до 120 kW. Неговиот компактен дизајн и мали димензии дозволуваат вградување во ограничен простор.

-Компјутер тип A.E.B. MP32, наменет за возила со 3 или 4 цилиндерски MPI мотор. Компјутерот е опремен со дијагностички систем за секоја гасна компонента и со новата 32-PIN генерација на автомобилски конектори.

-MAP сензор тип A.E.B.025 - сензор за притисок на ТНГ

-Контролно копче со индикација за тип на активно гориво и ниво на ТНГ.

-Инјекторски реил Type 37 отпорен на нечистотии во горивото

-Филтер за гасна фаза

Emmegas системот е идеален за возачи кои бараат стандарден италијански автогасен систем со средно висока иницијална инвестиција и ниски трошоци за одржување.
Emmegas системот е дизајниран да може да одгoвори на потребите на најновите MPI бензиски мотори, но и на претходните генерации на полу-секвенционални и full-group MPI мотори.
За Emmegas системите производителот одобрува гаранциски период од 24 месеци, без ограничување на поминати километри во гарантниот рок.
Цената за вградување на Emmegas изнесува 26.000 денари, и таа се однесува на сите начини на плаќање кои се достапни во Плимонт.