Плинската боца (торусна ) е декларирана на 47л, од плимонт ми рекоа највише на полнење би требало околу 44-45л, а последниве две полнења на МП ми точат по 47л и тоа на мое инсистирање да прекинат со полнење (предходно веќе на 42-43л почнуваше да успорува полнењето и така со "мучење" идеше до 45л ). Прашањето ми е дали ако е појака пумата (има поголем притисок ) може да набие толку па и повеќе литри или пак можно е заштитата од преполнување на боцата да е расипана?
Здраво
Вашата плинска боца има капацитет од 47 литри. Вообичаено тој капацитет тешко се постигнува, и тоа само на пумпа со висок притисок, а очекуваната литража во пракса кај овие боци е 44-45 литри. Нема технички или безбедносни проблеми и ако боцата е наполнета 47 литри. Секоја плинска боца е обезбедена со мултивентил, кој содржи и два безбедносни вентили. Во случај притисокот во боцата да се искачи над дозволеното ниво, реагира сигурносниот вентил (испушта плин низ сигурноснисте испусти-под возилото) и го враќа притисокот под тоа ниво.
Инаку притисокот на пумпите кај нас вообичаено е 8,5-9 бари, кај посилните пумпи околу11 бари, притисокот на кој сигурносниот вентил реагира е 25 бари, деклариран минимален притисок на секоја ТНГ боца произведена по "ECE 67R 01" -европските регулативи е 30 бари, притисокот на кој го се подложуваат боците при нивно испитување во лабораториски услови е 76,5 бари.