Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897400 пати)

Отсутен JKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1965 на: 28 Октомври 2015, 16:40:24 pm »
Чисто информативно ме интересира,дали имате монтирано плин на 520киве што се бензинци,2005-06,со 170 коња ? и дали се покажале добро и која цена е тој плински уред ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1966 на: 29 Октомври 2015, 17:09:34 pm »
Чисто информативно ме интересира,дали имате монтирано плин на 520киве што се бензинци,2005-06,со 170 коња ? и дали се покажале добро и која цена е тој плински уред ?

Moze da se vgradi plinski ured na 520-kite od 2005/06 so motor so snaga od 170 ks, na verziite so kod na motor M54 i N52. Dobro se odnesuvaat na plinski pogon. Cenata na Landi Omegas Evo_6-cil, koj najcesto sme go vgraduvale kaj niv iznesuva 830 evra

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1967 на: 30 Октомври 2015, 11:40:37 am »
Татко ми запнал да става плин на голфот...дали ќе изгуби од брзина,звук,или нешто слично ? и што би било најлошо сценарио ако ставиме плин,пошто сите со пола уста кажуваат за тој мотор(1.4 ТСИ 122 коња)...?


Според силата на моторот би требало да се работи за CAX(A) motorot na VW. Како и за останатите ТСИ возила, предвидено е вградување на посебно подготвен Landi Omegas Direct  за конкретниот код на мотор. Цената на уредот е 1100 евра. карактеристично за уредите наменети за Direct Injecion моторите е што возилото ќе троши 80% плин и 20% бензин, односно бензинот не смее да биде целосно исклучен. Кога ќе се вградат на нови возила Direct Injecion уредите фукционираат одлично, но кога  ќе се вградат на неколку години користено возило покажуваат чувствителност на секоја аномалија која постои кај моторот, и ја потенцираат уште повеќе. Тоа што бараат беспрекорен мотор воедно им е  и нивната слаба страна.
 Многу скоро очекуваме Ландирензо да ги претстави новите софтверски решенија за Omegas Direct уредите, очекуваме доста новини кај нив.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1968 на: 30 Октомври 2015, 11:52:14 am »
Кола на метан дали лесно може да се преправи на плин и колку би коштало тоа?и дали можат да се користат двете горива со еден уред?

Преправката од метан на плин не е едноставна, а ниту ефтина. Се користат различни резервоари, вентили на резервоари, водови, редуктор. Исти можат да останат компјутерот, инјекторите и МАП сензорот, но не кај сите уреди. Двете инсталации можат да бидат поставени паралелно на возилото, но тоа не значи дека ќе може со притискање на копче да се смени од метан на плин, туку ќе мора да се прави преспојување на компонетите. По наше мислење тоа не е практично и исплатливо решение.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1969 на: 30 Октомври 2015, 12:02:38 pm »
Дечки имам едно прашање се работи за renault megane scenic 1.6 66kw планирам да местам плински уред со кружна боца во но има еден проблем во местото каде што седи резервната гума е втиснат шасискиот број на колата и кога ке се монтира боцата би се покрил шасискиот број денес бев на технички преглед за да ја регистрирам и го прашав контролорот ама не знаеше што да ми одговори ми рече можи да треба да се втисни нов шасиски број на друго видливо место а можи да нема потреба хаха . дали некој има искуство со вакво возило или можеби плимонт би одговорил како најкомпетентен

Вообичаено е  да има втиснат број на шасија и на друго место. Бројот што сега стои под резервна гума ние најверојатно ќе го покриеме со плинска боца. Сме имале искуства со вакви ситуации, да нема број на шасија на друго место. Во ваков случај наша екипа оди во атестната куќа каде што се прави атестниот преглед, се поместува компонентата што пречи (во овој случај боцата), контролорот вчитува податоци и фотографира, по што се се враќа на свое место.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1970 на: 30 Октомври 2015, 13:08:12 pm »
Прашање: последниве две-три недели, кога ке префрли на плин, едно 3-5 минути после тоа се осеќа мирис надвор од колата, а понекогаш ако стојам на семафор со пуштено греење, знае да замириса и внатре на плин. После тоа нема никаков мирис, барем јас не осеќам.

Дали е можно од зимската смеса да мириса така при префрлање, да не го согорува убаво? Претпоставувам дека нема течење затоа што после тоа не осеќам мирис.

Најпрво би сакал да препорачам со возилото да се посети автогасен сервис за да се провери дали има некое истекување на плин, што е стандардна постапка доколку се почувствува мирис на плин во или околу возилото. Можеби едноставно се работи за плин  кој е произведен со поголема количина на одорант, и при согорување на плинот да се чувствува мирис. Често во ситуации кога има мирис на плин кога возилото работи во место причината е дупнат ауспух или оштетен дихтунг на издувна грана.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1971 на: 30 Октомври 2015, 13:19:22 pm »
Вака имам вграден плински уред LOVATO пред месец време, и кога стрелката на обратомерот е некаде помеѓу 1500 и 2000 обрати и кога стиснам полна гас почнува да сецнува т.е. трокира. Компјутерски го штелуваа и пак исто. се намали трокирањето ама пак не е идеално пак се осеќа особено кога е ладна колата. Некој сличен проблем дали има? Инаку се работи за Fiat Punto 1.2 16v од 2000год

Сецкањето најчесто е предизвикано од високонапонскиот дел на струјата на возилото - свеќици, кабли, бомбина. Од плинска страна потребно е да се направи проверка на инсталација, заради можни грешки во монтажа или компонента која прави проблем, но верувам дека тоа е направено кога се биле на повторно компјутерско штелување.

Отсутен shajka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1972 на: 14 Ноември 2015, 22:27:58 pm »
Шевролет Круз 1.8 со БРЦ плински уред, деновиве имам проблем при палење (на бензин) колата два пати вергла ко да е пресисана и на второт верглање пали. После тоа нормално пали, важно првото палење од сабајле или после неколку саати стоење колата пали по второто верлање. По ставање адитиви за гориво и возење на бензин 2-3 дена колата нормално си пали. Ако ја возам и пет минути на плин после палењето пак е по второ верглање. Проверено на компјутер не јавува грешки. Дали треба повеќе денови да ја возам на бензин или нешто е со плинскиот уред, плин-от , што може да е ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1973 на: 14 Ноември 2015, 23:14:04 pm »
Бензинскиот компјутер ги заборава параметрите и затоа заглупува. Тоа секогаш ќе се случува нема друго чаре. Што почесто возиш на бензин тоа поретко ќе се случува.,

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1974 на: 15 Ноември 2015, 07:50:40 am »
Бензинскиот компјутер ги заборава параметрите и затоа заглупува. Тоа секогаш ќе се случува нема друго чаре. Што почесто возиш на бензин тоа поретко ќе се случува.,
Според логикава твоја, изгледа му нема спас:

возење на бензин 2-3 дена колата нормално си пали. Ако ја возам и пет минути на плин после палењето пак е по второ верглање.

Треба да се појде кај плинарите и да се прештелува плинскиот уред наново. Пред да ја однесеш кај плинарите, вози ја на бензин за бензинскиот компјутер да си дојде во нормална состојба. Веројатно тоа би го решило проблемот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1975 на: 15 Ноември 2015, 08:13:46 am »
Тоа дека му нема спас не е според мојата логика Симо туку според кажувањата на Плимонт. Едноставно тоа така ќе се случува и понатаму и не може да се направи ништо во врска со тоа. Секако најлесно ти е тебе да кажеш: оди кај плинарите. Исто и мене.

Сум бил кај плинарите и ми рекле дека нема спас против тоа. Или да се вози почесто на бензин или да се вергла по два пати.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1976 на: 15 Ноември 2015, 08:18:35 am »
Пошто има проблем по негово кажување, деновиве, претпоставувам дека претходно немал проблем, затоа треба да побара решение, пошто според тебе треба да го фрли плинскиот уред, бидејќи после 5 минути возење на плин му се сјебува мапата на бензинскиот компјутер.
А најлесно е да се каже „нема спас“ без да се бара решение за проблемот. BRC претпоставувам наместил во Аутомакедонија, па моја препорака би било таму да појде, да видат што е маката.

Едноставно, правилно наместен и наштелуван плински уред, не би требало да ги наруши сетинзите на бензинското ЕКУ.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1977 на: 15 Ноември 2015, 08:41:49 am »
А најлесно е да се каже „нема спас“ без да се бара решение за проблемот.

Сум бил кај плинарите и ми рекле дека нема спас против тоа. Или да се вози почесто на бензин или да се вергла по два пати.

Никакво фрлање на плинскиот уред дали си ти нормален.
Еве нека се изјаснат плимонт дали има чаре за овој проблем, конкретно кај мене Landi Renzo EVO. Ако дошле до идеја во меѓувреме ги молам да споделат.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1978 на: 15 Ноември 2015, 13:32:26 pm »
Плинската боца (торусна ) е декларирана на 47л, од плимонт ми рекоа највише на полнење би требало околу 44-45л, а последниве две полнења на МП ми точат по 47л и тоа на мое инсистирање да прекинат со полнење (предходно веќе на 42-43л почнуваше да успорува полнењето и така со "мучење" идеше до 45л ). Прашањето ми е дали ако е појака пумата (има поголем притисок ) може да набие толку па и повеќе литри или пак можно е заштитата од преполнување на  боцата да е расипана?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #1979 на: 15 Ноември 2015, 18:14:39 pm »
Или па пумпата им краде некое литро.