Околу плаќањето на рати со кредит преку Алфа банка, дали можете да ми кажете кои услови треба да се исполнат, не можев да најдам на вашиот сајт.
Потребни документи за кредит од Алфа банка:
• Пополнета апликација
• Копија од лична карта / пасош од кредитобарател и ко-кредитобарател/ите
• Копија од последна платена сметка (струја, вода, фиксен телефон) доставена на домашна адреса ( да се потврди местото на живеење)
• Потврди за кредитобарателот дека е во работен однос на неопределено време најмалку 12 месеци и износ на плата на образец од Алфа Банка АД Скопје (заверена и потпишана од овластени лица кај работодавецот, не постара од 30 денови).
o За вработени во Буџетски установи, јавни претпријатија, акционерски друштва и други приватни познати компании се бара потврда за просечната плата во последните 3 месеци.
o За вработени во мали приватни компании се бара потврда за просечната плата во последните 12 месеци и
- 3 извештаи ПП 53 –Декларација за прием од УЈП за исплатена плата за последниот месец, од пред 6 месеци и пред 1 година, - М1/М2 образец за кредитобарателот и за ко-кредитобарателите
o За пензионери како доказ се зема последниот чек од пензија