Плимонт, што препорачувате за алфин 2.0 в6 мотор, со турбо полнач, постар модел, односно 164ка, а неможам да го најдам кодот на моторот ?
Фала однапред
Наша препорака е Омегас Ево уредот, верзија за 6 цилиндри. Цената е 830 евра, за уред со цилиндричен резервоар, или 860 евра за уред со торусен резервоар кој се поставува на место на резервно тркало. Ова е постар тип на мотор, сме го работеле и претходно, а во последно време ретко го гледаме.
Фала ви за одговорот и извинете што ве замарам со глупости, али во преговори сум по дома што ќе се случува до колата, се разгледуваат повеќе опции за неа..
П.С: ко ендемски вид се шестациве, ни за лек нема да ги најдеш
И јас не бев, али плимонтци се супер профи и така на крај сите 3 коли (една од нив "осетлива" на плин е демек - да не ја урочам спие) кај нив се "плиносани". Не жалам ама ич.
Што побрзо плин - тоа подобро, најдругарски совет.
Фала ти за советот друже, али како што пишав погоре, незнам што ќе се случува со колата у брзо време, а гледајќи како се движи пазарот(истите коли се вртат по огласи) најверојатно ќе се иде опција плин бидејќи е најбрзо и најнекомплицирано, беше најден солиден 2.4 jtd(m) мотор( а како што го гледам Alfista мислам беше со gtv-то колку зае*анции има, плус читано од други форуми и совет од дечко во Бугарија што направил таква мачна трансплантација), ќе си остане оригиналниот, бидејќи јас ги држам поголемите конци за тоа возило(татко ми си се бафта повеќе околу мерџанот), а плус ќе ја крене(ваљда) цената на самото возило, со цел нејзино полесно продавање во понатамошниот дел од живот, нормално ако не ми здосади па да барам нова кола