Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 889971 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #930 на: 03 Октомври 2013, 15:18:32 pm »
Едно прашање,на ибеј најдов Ignition Time advance processor за LPG,дали има вакво нешто кај вас,и каква е користа од уредот

http://www.aeb.it/products/timing-advance-processors
http://www.ebay.com/itm/Ignition-Time-advance-processor-TAP-60-2-ru-for-LPG-CNG-fuel-/200969968663?hash=item2ecabe5c17&vxp=mtr

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #931 на: 04 Октомври 2013, 01:24:51 am »
Јас зимно време ја палам колата на бензин. Одма откако ке ја запалам, префрлам на нулта позиција, го троши бензинот од казанчето во карбураторот едно ~20 секунди и префрлам на плин. Значи за неполна минута во зима, и во најладните периоди наутро, за минута откако сум ја запалил, веке е префрлена на плин и да не заречам, откако е ставен плинот до сега ниту еднаш не замрзнала расплињачата.

тоа што го имаш ти е карбураторски систем. немој да мислиш дека не ти замрзнува расплињачата кога го правиш тоа.. замрзнува и те како... и да ти кажам дека во тој момент ги окртавуваш мембраните и кога би имало борд за плинот би ти покажувал потрошувачка од околу 30 во тој момент. и јас сум возел коли на карбуратори кои бензин не виделе никад. зиме-лета палење на плин директно... ама тиа коли од електроника некаква нај блиску им биле радијата за музика... или евентуално ако имале елкетронско реле за жмигавци.


овде се дискутира за нешто сосема поинакво од тоа што ти го имаш. кај секвентниот уред (ова другото) и карбураторскиот систем (тоа што ти го имаш) единствено исто е полначката за плин... дури ни цевките за доток на гориво не се исти, не се користат више ни бакарни цевки туку термопластични... историја е тоа што го имаш ти... за брзо време ке прејде во раритет и мислам дека дискутирањето за тој плински уред НИКАКО неможеш да го компарираш со овој сега. сега е типизирано и наменски штелнато за секое возило. електроника контролира вбризгување, преку дизни за секој цилиндар посебно, а не вентил што се врти со рака, утакнат во црево кое е закачено на карбураторот директно на усисната грана всушност.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #932 на: 04 Октомври 2013, 03:58:14 am »
Kolku kosta odprilika proverka i stelanje na sekvencionalen plinski ured?

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #933 на: 04 Октомври 2013, 09:57:42 am »
Plimont se raboti za astra h 1.4
po greska e montirano e BRC plinski ured vo avtomakedonija i sega kolata ima problem pri laden start dodeka da zagree i da prefrli na plin secka i ne raboti kako sto treba, potoa e se vo red koga prefrli na plin, naucnicite vo avtomakedonija kazale deka ne e do plinot tuku bilo nus pojava i taka da terat. Dali znaete vo sto moze da e problemot i dali moze da dojdat da go resite?

Odnapred blagodaram na odgovorot.

Kaj Opelovite motori benziskiot kompjuter gi menuva I gi pamti kartite na vbrizguvanje vo zavisnost od smesata gorivo-vozduh. Dokolku smesata e bogata, a gorivoto e plin, vo realni uslovi motorot na plin ke raboti odlicno, no na benzin motorot e vo siromasna smesa. Koga vremeto e toplo motorot (I vozacot) ne go cuvstvuvaat toa, no koga e ladno – raboti neramnomerno -trokira.
Se razbira deka postojat i X drugi pricini koi bi mozele da go predizvikaat problemot koj go navedovte, megutoa kaj Opelovite vozila cesto e posledica na slabo pomestuvanje na smesata plin-vozduh (kon bogata).
Za da bideme sigurni deka se raboti ova, vozete eden den samo na benzin za motorniot ECU (kompjuter) da ja cita samo smesata benzin-vozduh. Dokolku naredniot den motorot startuva I raboti kako sto treba, ke bide potrebno da se namali vbrizguvanjeto na plin I problemot ke se resi. Nie ne mozeme da pomogneme, nemame softver I interfejs za BRC uredite.


Фала Плимонт, проблемот се реши како што кажавте, сега уште да се објасни на научниците дека не е нус појава и да го средат проблемот.
« Последно менување: 04 Октомври 2013, 11:54:29 am velkov »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #934 на: 09 Октомври 2013, 17:55:19 pm »
Едно прашање,на ибеј најдов Ignition Time advance processor за LPG,дали има вакво нешто кај вас,и каква е користа од уредот

http://www.aeb.it/products/timing-advance-processors
http://www.ebay.com/itm/Ignition-Time-advance-processor-TAP-60-2-ru-for-LPG-CNG-fuel-/200969968663?hash=item2ecabe5c17&vxp=mtr

 Ignition Time advance processor-ite se koristat pri instaliranje na CNG sistemi. Nivnata uloga e da se spreci golem gubitok na sila i brzina, sto e karakteristicno za CNG sistemite. Kaj plinskite uredi nema potreba od dodatni elektonski komponenti za pretpalenje, i nie ne gi koristime. Na lager gi imame poveketo tipovi, tocno za procesorite od linkovite koi gi postiravte ke moram da proveram, dokolku ste seuste zainteresiran.
Pozdrav
« Последно менување: 09 Октомври 2013, 18:08:29 pm plimont »

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #935 на: 09 Октомври 2013, 18:05:21 pm »
@Plimont
Mi treba informacija za bliska rodnina.
Moze li vo Fiat Seicento 899 kubika SPI (so Marelli IAW16 kontrolna edinica) da se vgradi Landirenzo IGS sistem i kolku toa bi kostalo so boca vo rezervno trkalo. Sistemi so Lambda emulator i ostanati krsh sistemi koi detoniraat NE DOAGJAAT vo predvid samo so posebno ECU za plin.

Blagodaram

Bugar, SPI (singl/mono-injection motorite) ne pravat detonacii, I kaj niv nema potreba od IGS sistem. Preporacuvame da se postavi standarden elektronski ured. Ako eventualno motorot sepak e full-injection, ke se postavi Landi Max ili Omegas Evo ured (Omegas Evo vo momentov go vgraduvame vo novite Fiat vozila)
Cenata na elektronski ured za SPI motor e 350 evra, so doplata od 30 evra za torusen rezervoar
Cenata za Landi Max I Omegas Evo uredite  za MPI motor e 540 evra, so doplata od 30 evra za torusen rezervoar


Fala za odgovorot no sepak me interesirase dali ima moznost da se postavi IGS sistem KOJ TEHNICKI E IDEALEN zasto ima svoj plinski ecu i bidejki kolata ja vozi devojce sepak saka da nema nikakvi problemi. Poucen od ubavoto iskustvo so Omegata (so metalni dizni) prasav. Baska so Lambda emulator gledam kakvi problemi imaat i baraat redovno stelovanje :). Sepak dali postoi nekoja podobra opcija.

IGS uredot moze da se montira na mono-injection vozilo, no toj ne e tehnicki predviden (spored specifikacija) za mono -inj. motori. Nie imame montirano IGS ured na Fiat Tipo so mono-inj motor pred mnogu godini (verojatno pred 10) i nemase problemi. Od druga strana, IGS uredot ne se proizveduva veke 7 godini. Toj dozira plin preku dve cekorni motorcinja i membranski raspredeluvac. Denesnive sekvencionalni sistemi so elektricni injektori ne rabotat na mono injection motor, barem nie ne sme uspeale da gi pokreneme.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #936 на: 09 Октомври 2013, 18:06:10 pm »
Kolku kosta odprilika proverka i stelanje na sekvencionalen plinski ured?

Cenata za proverka i steluvanje na sekevencionalen ured e 600 denari.
Pozdrav

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Еволуирање на возилата
« Одговори #937 на: 09 Октомври 2013, 19:03:21 pm »
Еволуирање на еуро 5 возилата во еко во еко возила со вграден Landi Renzo evolution lpg систем. Еволушн системите немаат потреба од тековно одржување, карактеристика која е посебно погодна кога се работи за нови возила со 0.0 поминати километри.

Флотна монтажа кај возила од гамата на цитроен









Тука се и нашите стари пријатели













Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #938 на: 11 Октомври 2013, 09:27:17 am »
Зошто кај мене на плин гратска и отворено потрошната е скоро иста?
;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #939 на: 11 Октомври 2013, 09:46:53 am »
Веројатно дизните повеќе плин ти фрлаат при помал број на вртежи отколку при поголем број. Можеби и на отворено повеќе стискаш на гаста отколку во град.
Плинските мапи лесно се штелуваат и можеш да добиеш перформанси по желба и потрошувачка по желба.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #940 на: 13 Октомври 2013, 18:37:43 pm »
Колку чини поставување на плински уред во Тојота Селика 1.8 145 кс модел од 2000-2003 година?

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #941 на: 16 Октомври 2013, 12:39:55 pm »
имам некој чуден проблем со типото :)
при работа во место на угорница ми гаси после некој си 2/3 минути
на почетокот си е се во ред и од еднаш почнува да се намалува туража и да тресе цела кола исто како го снемува плин
на бензин си е во ред
ова ми се дешава само на угорница со "г`зот" позади

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #942 на: 16 Октомври 2013, 18:25:48 pm »
имам некој чуден проблем со типото :)
при работа во место на угорница ми гаси после некој си 2/3 минути
на почетокот си е се во ред и од еднаш почнува да се намалува туража и да тресе цела кола исто како го снемува плин
на бензин си е во ред
ова ми се дешава само на угорница со "г`зот" позади

Ако имаш торусна боца може да остануваш без плин ако си при крај, ама ме чуди кај карбуратор да се дешава такво нешто, обично кај овие што се инџекшн се дешава да падне притисокот така и да префрли на бензин.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #943 на: 16 Октомври 2013, 20:29:35 pm »
имам некој чуден проблем со типото :)
при работа во место на угорница ми гаси после некој си 2/3 минути
на почетокот си е се во ред и од еднаш почнува да се намалува туража и да тресе цела кола исто како го снемува плин
на бензин си е во ред
ова ми се дешава само на угорница со "г`зот" позади

Штелни го малце плинот, барем кај нас со карбуратор тоа е лесно :D И кај мене се дешаваа чудни работи со плинот летово, на кочење ми гасеше, а на бензин додека кочев накачуваше вртежи. Го штелнал малку таткоми плинот, сега и на плин и на бензин кога притискам кочница, вртежите на моторот се зголемуваат.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #944 на: 17 Октомври 2013, 09:47:06 am »
торусна боца имам, проблемот е секогаш исто небитно дали е празна или полна боцата
Сабајле пробав на работа имаме поголем успон после 20тина секунди изгаси....
А со штелување на плинот имам пробано пак го има истиот проблем како нешто да ја гуши колата, во секој случај треба да се сервисира нешто ама пусто време нема кога да ја носам