Во моментов атест на возило со плински уред може да се направи на Машински Факултет, АМСМ и Аутомакедонија (АМ Церт). Цената на самиот атестен преглед е 3000 денари , а со пропратните трошоци за записник, упат и нова сообраќајна дозвола, вкупниот трошок е околу 3550 денари.
Плимонт има соработка со АМСМ и Аутомакедонија, благодарение на што нашите клиенти можат да искористат попуст од 500 денари на цената за атестниот преглед. Попустот се резлизира на тој начин што во Плимонт се уплаќа сумата од 2500 ден, се добива потврда за платен атестен преглед која потоа се приложува во АМСМ или Аутомакедонија.
Во однос на можни проблеми заради широки гуми или ксенон, знам дека кога се прави атест на плинскиот уред во АМСМ или Аутомакедонија се гледа само инсталацијата на плинскиот уред, а за Машински Факултет немам информација