Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 888702 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2790 на: 12 Април 2022, 08:26:46 am »
Прв пат возам авто на плин
Станува збор за ц3 1.1 lovato уред.
Приметов при угорница или ако дадам повеќе гас почне да трепка црвено и да титка.
Префрли на бензин. Го изгасам пак пуштам нормално си работи на плин до наредно давање гас. Или угорнина.

Прочитав некаде дека е pressure sensor. Некој со сличен проблем ?
Или знае што би можело да е

Потребно е да се направи дијагностика за да се утврди проблемот. Постои веројатност дека се работи за неисправен МАП сензор, но може да е во прашање сосем поинаков проблем.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2791 на: 12 Април 2022, 08:37:50 am »
Бев денеска кај плинарот за смена на филтерчето и во филтерчето малку ѓубре имаше, турам плин нон стоп на Лукоил и ретко на другиве бензински, еднаш имав турено на Макпетрол (наводно и тие продаваат руски гас од Газпром) и смрдеше многу од ауспух а од Лукоил не ми се дешава тоа и и ми вика дека од Макпетрол плинот страдале дизните и општо за плинскиот уред.
Логикава мие дали ова ѓубрево малце шо беше во филтеров можно е да е од Лукоил оти 99% турам тука или од овие попатниве бензински? На Макпетрол еднаш имам ставено годинава.

Не е ништо невообичаено во филтерот за течна фаза да се видат насобрани нечистотии, нив ги има во сите автоплин-горива (ТНГ) кои се продаваат во МК.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2792 на: 13 Април 2022, 08:53:26 am »
Потребно е да се направи дијагностика за да се утврди проблемот. Постои веројатност дека се работи за неисправен МАП сензор, но може да е во прашање сосем поинаков проблем.

испадна глуп проблем, немало плин, ставив плин еве цел ден нема гајле

само малку ми е, овие зелените нели се индикатор за колку е полн плин или, ако се, тие не работат тогаш

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2793 на: 13 Април 2022, 09:02:29 am »
Потребно е да се направи дијагностика за да се утврди проблемот. Постои веројатност дека се работи за неисправен МАП сензор, но може да е во прашање сосем поинаков проблем.

испадна глуп проблем, немало плин, ставив плин еве цел ден нема гајле

само малку ми е, овие зелените нели се индикатор за колку е полн плин или, ако се, тие не работат тогаш
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На 95% од колите не покажува точно колку имаш плин, јас се ориентирам према поминати км, изгледа и ти ке треба

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2794 на: 13 Април 2022, 09:06:29 am »
Изгледа ке треба така, ке ставам бензин до врв, да не ме остави некаде на пат.
додека не го научам колку ми троши.

јас гледам ми светат 4 од 5 силички, викам добро е 80% имам, оно да ти немало

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2795 на: 13 Април 2022, 09:12:04 am »
Не се ориентирај по сијаличките, рестартирај км на секое полнење плин и по тоа води се

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2796 на: 13 Април 2022, 09:38:12 am »
@Tomce Работат како шо гледам , светат, е сеа ако не е точно шо вероватно не е дотроши ја боцата до крај, да префрли на бензин, таман ќе знаеш и некоја потрошња одприлика ако била фул и оди со празна боца во Плинмонт или друго место и ќе ти го калибрираат мерачот за точно да кажува. 5 минути работа е.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zlatko.s

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 65
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2797 на: 13 Април 2022, 15:08:08 pm »
Здраво, на Опел Мерива со плински систем ЛОВАТО, губи вода од системот за ладење, се сомневам во спојките/тештиците на цревата, ги престегнував не губи вода одреден период, па повторно почнува да губи вода, отприлика 500мл месечно дотурам. Од каде најчесто плинските системи губат вода, стварно немам многу искуство, ако може Плимонт да ми одговорите, па би дошол и на проверка/сервис кај Вас. Ви благодарам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2798 на: 13 Април 2022, 22:09:00 pm »
Обично губи вода од спојките/стегите  каде што се споени цревата за циркулирање на водата во расплиљачата. Провери ги и престегни ги сите стеги каде што циркулира вода. Е сеа ако ги престегнуваш стегите и по некое време пак пушта од исто место тогаш треба да се заменат стегите.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2799 на: 14 Април 2022, 08:35:47 am »
Потребно е да се направи дијагностика за да се утврди проблемот. Постои веројатност дека се работи за неисправен МАП сензор, но може да е во прашање сосем поинаков проблем.

испадна глуп проблем, немало плин, ставив плин еве цел ден нема гајле

само малку ми е, овие зелените нели се индикатор за колку е полн плин или, ако се, тие не работат тогаш


Веројатно направиле проблем сензорот за ниво или пловакот во резервоарот, ако продолжи и понатаму да покажува само полн резервоар може да се сервисира, со промена на сензор или поправка/промена на пловакот. Принципот на мерење на ниво на ТНГ во резервоарот кој во моментов се употребува не дозволува прецизно мерење- дава приближни вредности. Најпрактично е да се ориентирате  и според поминати километри од последното полнење на бензиска пумпа.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2800 на: 14 Април 2022, 08:41:11 am »
Здраво, на Опел Мерива со плински систем ЛОВАТО, губи вода од системот за ладење, се сомневам во спојките/тештиците на цревата, ги престегнував не губи вода одреден период, па повторно почнува да губи вода, отприлика 500мл месечно дотурам. Од каде најчесто плинските системи губат вода, стварно немам многу искуство, ако може Плимонт да ми одговорите, па би дошол и на проверка/сервис кај Вас. Ви благодарам.

Zile веќе одговори наместо нас, проблемот најчесто е кај спојките, иако некогаш се случува да попушти црево и сл. За овој проблем потребно е да се остави возилото во наш сервис, во текот на денот проблемот ќе се среди.

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
    • ibiz.mk
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2801 на: 20 Април 2022, 08:54:53 am »
Веројатно направиле проблем сензорот за ниво или пловакот во резервоарот, ако продолжи и понатаму да покажува само полн резервоар може да се сервисира, со промена на сензор или поправка/промена на пловакот. Принципот на мерење на ниво на ТНГ во резервоарот кој во моментов се употребува не дозволува прецизно мерење- дава приближни вредности. Најпрактично е да се ориентирате  и според поминати километри од последното полнење на бензиска пумпа.

Не е лошо 280км со 1000ден(~20литри), и нешто гориво што потрошило за загревање
упола од џипот

Отсутен gjoko.jovanov

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2802 на: 12 Мај 2022, 11:04:40 am »
Имам нов Форд Фокус 1,5 бензинец 2021год. купен пред 3 месеци, до сега имам помината малце над 1000км и имам гаранција од салон 2години. просечно ми покажува потрошња околу 6.5л на 100км.
Дали е паметно да вградам плински уред земајќи ги впредвид големите цени на бензинот? И како ќе вилиае тоа на гаранцијата?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2803 на: 12 Мај 2022, 11:30:20 am »
Уживај си.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2804 на: 12 Мај 2022, 12:32:18 pm »
Имам нов Форд Фокус 1,5 бензинец 2021год. купен пред 3 месеци, до сега имам помината малце над 1000км и имам гаранција од салон 2години. просечно ми покажува потрошња околу 6.5л на 100км.
Дали е паметно да вградам плински уред земајќи ги впредвид големите цени на бензинот? И како ќе вилиае тоа на гаранцијата?

Најпрво потребно е да се види типот на мотор, дали за него има опција за вградување на плински уред.