Проблемот може да е предизвикан и од бензискиот и од плинскиот дел на моторот. Можете да посетите плински сервис за да се провери состојбата на плинскиот уред. Тоа што можете сами да направите е следното - да се потроши плинот до крај, и со празен плински резервоар да се вози колата само на бензин 2 до 3 дена , а притоа да се поминат над 100 км. Доколку причината е во плинскиот уред, по вакво возење само на бензин моторот би требало да нема проблем, и тоа е знак дека возилото треба да се однесе на сервис за плински уреди. Доколку сеуште има проблем, тогаш решението ќе го бара сервис за Фиат возила.