Здраво имам едно прашање,
Имам мерцедес Б150 со вграден плински уред, уредот не е монтиран кај вас, највероватно е во тетово монтиран, затоа што така ја купив колата. Колата пред некое време почна да треси и да пука низ ауспух. Се смена сета струја кабли, свеќици, бомбина за да се испоставит дека се ок. МАФ сезнорот беше проверен и исчитен. На крај се откри дека прима воздух од усисна грана, највероватно од некаде каде што е бушено за плинските дизни. Дали сте имале ваков проблем претходно и дали има решение за да остани плинот или мора да се стави нова грана ? Фала за советот.