Плимонт едно прашање до Вас
Ме интересира Ваше искуство со вградување на плински уред во возила со ГДИ мотори ( Hyundai Tucson , Kia Sportage и сл.) .
Заинтересиран сум за купување на едно вакво ново возило , па ме интересираат неколку работи во врска со евентуалното вградување на плински уред :
- Какви модели на плински уреди вградувате
- Цена на истите
- Гаранција за вградениот плински уред
- Сервисни интервали на уредот и цена на чинење на истите
- Колкав е соодносот на бензин/плин на кој ќе работи возилото
Ме интересира ова , пред се заради тоа што чув дека истите возила се проблематични во работењето на плин , што на крајот на краиштата ја доведува во прашање оправданоста од вградување на плински уред во овие возила .
Поздрав
Здраво
Со ГДИ моторите на Хјунгаи/Киа имаме доста големо и добро искуство. Во Македонија претежно се застапени 1,6 ГДИ моторите со код Г4ФД. Се работи за мотори со директно вбризгување, кои по вградување на плински уред константно трошат и бензин и плин, во приближен сооднос 20% : 80%. Ги користиме Ландирензо Директ-со цена од 980 евра и АЦ Стаг ДПИ-со цена од 850 евра. Уредите имаат гаранција во траење од 2 години. Време потребно за вградување на уредот е 2 работни денови. Се користат торусни резервоари со зафатнина од 43 до 53 литри.
ГДИ возилата на Хјундаи и Киа не се проблематични при работење на плински погон. Заштедата не како кај стандардните МПИ возила, но сепак според нашето искуство е доволна за да го оправда вградувањето на плинскиот уред.
Сервисни интервали:
-контролен сервис на 2,000 км по вградувањето (не се наплаќа)
-на секои 20,000 км замена на филтер за гасна фаза -1200 ден. за Ландирензо или 900 ден за Стаг
-на секои 40,000 км замена на филтер за течна фаза -500 ден. за Ландирензо и за Стаг.
За подетални информации би Ве поканил да посетите еден од нашите сервиси.