Прво да го споделам моето искуство со плин на кола, 2013 ставив Ловато од Плимонт на Голф 5 со 1,6 мотор и бев презадоволен, 5 години и 60.000 км без ниту еден проблем (колата буквално нема сецнато за тоа време),..... сега моментално разгледувам опција да земам Сеат Кордоба 2004-2008 со мотор 1,4 со 75 кс или 86 кс и нормално веднаш би ја ставил на плин, прашање до Плимонт, дали овие мотори „трпат“ плин, ваше искуство и кој уред би ми го препорачале, со цена нормално и кои се условите за плаќање (во смисла дали има можност на 12 рати без камата и сл), благодарам за секоја информација