И двата наведени Опелови 1.4 и 1.6 мотори се сосем погодни за вградување на плински уреди. Цените за вградување на уред во Опел Мерива се движат од 390 до 540 евра. Генерално, најголемиот дел на класичните МПИ мотори произведени по 2000 година имаат стандардни опции за поставување плински уред. Исклучоци има , но тие се ретки. Комплицирани возила за плински уред се возилата со директно вбризгување, а за дел од нив воопшто нема опција за конверзија на плински погон.