Здраво,
Нов сум на форумот, сакам да купам кола па би ми помогнал совет и од вас и од Плимонт.
Колата што би ја земал е стрикно бензинец кој би бил секако на плин.
На ум ми се овие 3 модели на коли:
1. Audi A6 2004-2008 година 2,4 бензин
2. BMW e60 - 2003-2010 530i
3. Mercedes w211 - facelift моделите (овде не сум сигурен кој мотор би го избрал)
Доколку има некој на форумов ваков модел на кола убаво би било ако може да сподели искуство за одржување, регистрација, потрошувачка плин/бензин итн.
Плимонт ако имате иксутва со овие авотомобили ако можете да ми кажете којa од овие коли е најпогоденa за плин и колку чинат уредите за нив.
Фала ви.
Ќе се обидам редоследно да одговорам
- Audi A6 2004-2008 година 2,4 бензин.Возило со V6 мотор, може да се вгради плински уред, цената се движи од 750 до 830 евра
- BMW e60 - 2003-2010 530i - Кај моделите од 2003 до 2007 може да се постави плински уред, но задлжително ни е потребен кодот на моторот за дефинитивен одговор. BMW 530i по 2007 воглавно се произведува со direct-injection мотор на кој не може да се постави плински уред. Цената е 830 евра- за уред Landirenzo Evo OBD_6-cil.
-Mercedes w211-може да се постави плински уред кај најголем дел од возилата произведени пред 2006 година, и со атмосферски и со компресор мотор, кај поновите верзии има стандардни МПИ и мотори со директно вбризгување.