Здраво Плимонт
Имам монтирано Landi Omegas Evo на Форд Фиеста 1,4 (MK6 модел 2002-2008), од пред некое време ми светна Engine Check на шалтабла. На OBD II извади грешка P0171 System Too Lean. Испадна дека настанала при подесување на плинскиот уред на „послаба“ смеша. Ги вратија истите (првични) подесувања на плинскиот уред (пред да јави грешка), и ја избришаа грешката на колата, но при секое наредно палење (и на бензин и на плин), повторно ја јавува истата грешка. Пробано е со clear со повеќе различни OBD уреди, и со два-три пати вадење акумулаторски клеми и оставање 10тина мин. да се испразни целосно струјата, но при секое стартување на уредот истата грешка (и сијаличка на шалтаблата) повторно се јавува. Би дошол директно кај Вас, но не сум од СК.
Совет?